|
|
|
 |
|
 |
| |
 |
Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста
Македонија е ценет партнер на Соединетите Држави, и ние го вреднуваме македонскиот придонес кон светската безбедност, пишува претседателот на САД Барак Обама во својата честитика до граѓаните на Македонија по повод 8-ми септември Денот на независноста испратена до претседателот Ѓорѓе Иванов. “Ја поддржуваме Македонија која продолжува на реформскиот пат и се движи кон интеграција во евро-атланските институции. Верувам дека нашето партнерство дополнително ќе се засили и продлабочи како што ја продолжуваме нашата соработка за да оствариме толеранција, мир и просперитет за да го унапредиме човековото достоинство“, се вели во честитката од Обама. Честитка по повод државниот празник испратил и германскиот…
Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија
Денот на независноста денеска беше прославен и меѓу Македонците во Пустец, Албанија. Големиот државен празник беше одбележан со песни и ора во рамките на фолклорниот фестивал “Преспа 2010“ и во присуство на премиерот Никола Груевски. Груевски претходно се сретна со градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и претставници на македонската заедница во Албанија. Груевски по средбата истакна дека Македонците од Албанија и Албанците во Македонија можат да бидат добар мост за зајакнување на односите меѓу двете земји. „Имајте предвид дека секогаш кога ќе процениме дека на било кој начин можеме да помогнеме, во владата на Република Македонија и во мене лично…
Штипјанец блудничел врз осмоодделенки
Шеесет и петгодишниот штипјанец Т.Г е осомничен дена извршил полов напад врз две малолетни девојчиња.Кривичното дело го извршил во текот на април и мај годинава кога успеал да обезбеди телефонски броеви на двете девојчиња, кои биле осмооделенки и договорил средба на штипскиот плоштад од каде ги зел со автомобил „пежо“.
19 години самостојност.Честит празник!
"Пред 19 години, ние граѓаните на Република Македонија имавме историска чест да бидеме генерацијата која беше носител на процесот на воспоставувањето на независноста, идеја која беше сон на бројни генерации македонски патриоти... Прославувајќи го 8-ми септември - Денот на независноста, се присетуваме и на сите процеси, настани и случувања, кои со сета своја големина и значење се вградија во македонската историја во последните 19 години. И покрај сите предизвици и потешкотии со кои се соочувавме и се соочуваме, Република Македонија и нејзините граѓани, покажувајќи висока демократска зрелост, не отстапија од остварувањето на идејата за дополнителен развој на демократското и просперитетно општество, унапредувањето…
Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник
Премиерот Никола Груевски го поздрави денеска усвоениот собраниски деловник во Парламентот истакнувајќи дека е значаен за продолжување на градењето добра клима во Собранието за добар политички дијалог. - Добро е што денеска се изгласа иако тоа можеше да се случи многу порано, но за жал заради кочењето од СДСМ и Бранко Црвенковски изгубивме многу време и добивме многу критики, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашња по пуштањето во употреба спортска сала во ОУ „Дитурие“ во општина Сарај. Според Груевски ВМРО-ДПМНЕ и владејачките партии покажале голема зрелост со прифаќањето на сите 23 барања на СДСМ и на опозицијата како и…
Пратеникот Николоски ќе го кани Папата во Охрид
Пратеникот Александар Николоски во својство на Претседател на македонската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа на 07 и 08 септември ќе биде во работна посета на Црна Гора, Ватикан и Италија. Предвидено е на 07 септември да се сретне со пратеникот во Црногорскиот Парламент Радивое Никчевиќ претседател на Административниот одбор на Парламентот. Се очекува да се разговара за продлабочување на односите меѓу двата Парламента како и помеѓу двеете држави Македонија и Црна Гора. Предвидено е на 08 септември Неговата светост Папата Бенедикт ЏВИ за членовите на Бирото на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да приреди аудиенција. Имајќи…
|
|
|
 |
|
 |
|
|
|
 |
 |
|
 |
| |
|
Вести -
Македонија
|
|
Петок, 27 Август 2010 22:41 |
|
Во тепачка во која учествувале повеќе лица ноќеска во Охрид животот го загуби 34 годишниот Дејан Новаковиќ, турист од Белград. Неговиот другар, Горан Бериќ, роден 1975 година е повреден и подоцна е пуштен на домашно лекување. Кавгата започна околу три часот утринава во ноќниот клуб Хавана по што учесниците во масовната тепачка од страна на обезбедувањето биле избркани надвор од локалот. Новаковиќ, според кажувањата на очевидци, бил тепан до смрт од група од шест до десет лица.
Од силината на ударите починал на лице место.
„Второто лице е исто пациент на млада возраст. Удиран е со тврд предмет. Поврдите му се санирани и пуштен е на домашно лекување. Тоа лице е надвор од животна опасност. Другото лице беше донесено мртво без знаци на живот и тука лекарската екипа не се обидела ништо да направи бидејќи лицето било веќе со смртни последници без знаци на живот. Првичната констатација е дека е удиран со тап предмет“, изјавиСашо Василевски- општа болница Охрид.
Според последните информации, во масовната тепачка која заврши со трагичен крај учествувале околу 30 млади момчиња. Во охридската полицијата утрово на информативен разговор биле повикани токму триесетина лица, дел учесници во тепачката, а дел очевидци. Се преземаат мерки за расветлување на трагичниот инцидент. |
|
Повеќе...
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Петок, 27 Август 2010 07:22 |
Во масовна тепачка која рано утрово се случи во ноќен клуб во Охрид загина турист од Белград, а неколку лица се повредени и пренесени во општата болница во Охрид. Настанот се случил околу 03:00 часот во клубот „Хавана“ во Охрид кога поради засега наутврдени причини настанала масовна тепачка во која учествувале повеќе лица. Во тепачката бил смртно претепан 30. годишен посетител на клубот од Белград, а повреден е негов другар. Според извори на Супер радио, неофицијално, двете групи кои учествувале во тепачката биле српски туристи. Пред десетина дена на истата локација се случи групна тепачка во која настрада еден турист од Австралија која поради банална причина бил физички нападнат од двајва охриѓани. |
|
Повеќе...
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Вторник, 24 Август 2010 18:42 |
|
Остатокот од 12-годишната затворска казна, единствениот македонски осуденик за воени злосторства од воениот конфликт во 2001-та, Јохан Тарчуловски ќе ја отслужи во Германија.
Ваквата одлука ја донел претседателот на Трибуналот, Патрик Робинсон. Ова значи дека Тарчуловски, нема да остане во затворот во Шевенинген во Холандија, туку ќе биде префрлен во затвор во Германија. Хашкиот трибунал го прогласи Тарчуловски за виновен во јули 2008 година затоа што командувал и ја планирал полициската акција во село Љуботен кога беа убиени тројца цивили етнички Албанци. Трибуналот го прогласи за виновен и за сурово постапување како и за уништување на куќите и имотот на уште 13 етнички Албанци во истата полициска акција. Во мај годинава Трибуналот ја потврди вината и затворската казна на Тарчуловски. Јохан Тарчуловски беше екстрадиран во Хаг во март 2005 г. на барање на Трибуналот, а во затвор треба да остане уште седум години. Тарчуловски може да бара помилување откако ќе одлежи две третини од казната, односно најрано за три години. Хашкиот трибунал не ја потврди информацијата дека претседателот на Судот донел одлука Јохан Тарчуловски да ја издржува казната во друг затвор, односно да биде префрлен во друга држава. |
|
Повеќе...
|
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Четврток, 26 Август 2010 22:20 |
|
Свежи цвеќиња на местото каде се родила пред еден век, зборови полни со љубов и добрина за нејзиниот живот и за нејзиното хуманитарно дело.
На овој начин се одбележа 100 годишнината од раѓањето на скопјанката, Гонџа Бојаџиу или Мајка Тереза. “Светот не е гладен само за леб туку и за уште повеќе љубов,, со најпозната изрека на мајка Тереза денеска Македонија одбележува 100 години од нејзиното раѓање . Пред спомен куќата на мајка Tереза претседателот Ѓорѓе Иванов,голем број министри ,пратеници,дипломати положија свежо цвеќе.На писателот Халил Зенеди и на Олга Јотовска доктор педијатар им беше врачена државна награда мајка Тереза. -Мајка Тереза беше и останува пример за несебична посветеност на хуманоста. Нејзината животна посветеност и грижата за сиромашните, болните, обесправените ја става во редот на најголемите хуманисти во човековата историја, а секако најголем хуманист на дваесеттиот век-изјави претседателот на Собранието Велјановски. |
|
Повеќе...
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Вторник, 24 Август 2010 18:14 |
|
Рано утрото на мостот Гоце Делчев беа поставени два од четирите лава.
Високи се 5 метри, тешки пет тона и вредни милион евра. Поставувањето на лавовите, причина, повторно да се отвори прашањето за проектот Скопје 2014 та. Од опозициската СДСМ велат дека само со овие два лава Владата можела да им го реши проблемот на млекарите или да се реновираат две болници. Одговорот од ВМРО ДПМНЕ стандарден – партијата градела, а не уривала, како што правеле претходниците. Додека статуите и спомениците на македонските личности продолжуваат да излегуваат на виделина, албанските фигури никаде не се гледаат. Авторот Дејан Дуковски рече дека на постаментите недостигаат уште релјефите за тие да бидат целосно готови. „Лавовите се пет метри високи и пет тони тешки, а се поставени на постаменти со височина од 3,5 метри. Релјефите се скоро готови и тие ќе бидат со мотиви од ајдутството и комитството. На нив ќе има вкрстени нож и револвер кои се симболи на знамињата од тој период“, вели Дуковски. Тој додаде и дека на релјефите ќе бидат испишани имињата на хероите кои немаат свои скулптури како што се Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп-Георгиев Беровски, Питу Гули, Васил Чакаларов, Панде Кљашев, Партение Зографски и Григор Прличев. |
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Лист 9 од 154 |
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
 |
| |
Macedonia News На Мобилен Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет (Не го користете мобилниот додека возите )
|
|
 |
|
 |
|
|
|
|