|
|
|
 |
|
 |
| |
 |
Дејан починал од удар со нога во градите, нема кој да го препознае убиецот
Обдукцијата на телото на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој беше убиен во Охрид, покажа дека починал од последиците на ударот со нога во градите. Во докторскиот наод стои дека по ударот се случиле големи осцилации во работата на срцето, кое од силниот удар престанало да пумпа крв.Целиот инцидент нејасно може да се види и на видео-материјалот во траење од шест часа кој го снимиле сигурносните камери на охридската пошта, но на него не се гледаат јасно лицата на сторителите.Лицата не можеле да ги препознаат и тројцата очевидци, иако сите идентично го опишале настанот.Учесниците единствено ги препозна Горан Периќ, кој во…
Македонците во Форт Вајн го прославија Денот на Независноста
Поттикнати од Обединетата Македонска Дијаспора, Македонците од Форт Вејн, Индијана САД во среда организираа свечено кревање на македонското знаме пред основниот суд во нивниот град Свечениот чин почна со краток говор во врска значењето на овој ден за Македонците насекаде во светот. На насобраните се обратија Александар Поповски, заменик директор за Меѓународни студенти на Индијана - Пурду Универзитетот во Форт Вејн, и Арџи Белио, поранешен челник на одборот на православната црква Свети Никола и постојан жител на градот. После упатните зборови, Македонците го издигнаа Македонското сонце, кое гордо ќе се вее пред судот до крајот на денот. Заради централната положба…
Кривична и куќен притивор за охридски службеници
Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување", СВР Охрид, поднесе кривична пријава против В.Г.(60), Љ.В.(63), Н.Н.(43), В.К.(42) и Ј.Л.(41) сите од Охрид. Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид, на првите три пријавени им одреди мерка куќен притвор во траење до 30 дена. Првопријавениот В.Г. во својство на службено лице-советник за правни и катастарски работи во оделението за катастар и недвижности Охрид, со искористување на службената положба и со свесно неизвршување на службените должности, на 19. март минатата година, донел решение со кое дозволил промена и упис на недвижен имот во…
Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста
Македонија е ценет партнер на Соединетите Држави, и ние го вреднуваме македонскиот придонес кон светската безбедност, пишува претседателот на САД Барак Обама во својата честитика до граѓаните на Македонија по повод 8-ми септември Денот на независноста испратена до претседателот Ѓорѓе Иванов. “Ја поддржуваме Македонија која продолжува на реформскиот пат и се движи кон интеграција во евро-атланските институции. Верувам дека нашето партнерство дополнително ќе се засили и продлабочи како што ја продолжуваме нашата соработка за да оствариме толеранција, мир и просперитет за да го унапредиме човековото достоинство“, се вели во честитката од Обама. Честитка по повод државниот празник испратил и германскиот…
Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија
Денот на независноста денеска беше прославен и меѓу Македонците во Пустец, Албанија. Големиот државен празник беше одбележан со песни и ора во рамките на фолклорниот фестивал “Преспа 2010“ и во присуство на премиерот Никола Груевски. Груевски претходно се сретна со градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и претставници на македонската заедница во Албанија. Груевски по средбата истакна дека Македонците од Албанија и Албанците во Македонија можат да бидат добар мост за зајакнување на односите меѓу двете земји. „Имајте предвид дека секогаш кога ќе процениме дека на било кој начин можеме да помогнеме, во владата на Република Македонија и во мене лично…
Штипјанец блудничел врз осмоодделенки
Шеесет и петгодишниот штипјанец Т.Г е осомничен дена извршил полов напад врз две малолетни девојчиња.Кривичното дело го извршил во текот на април и мај годинава кога успеал да обезбеди телефонски броеви на двете девојчиња, кои биле осмооделенки и договорил средба на штипскиот плоштад од каде ги зел со автомобил „пежо“.
|
|
|
 |
|
 |
|
|
|
 |
 |
|
 |
| |
|
Вести -
Македонија
|
|
Сабота, 04 Септември 2010 20:34 |
|
Како ја испушти Бранко Црвенковски како премиер шансата во деведесеттите години Македонија да се најде во Европската унија? Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, преку потпретседателката на Собранието, Светлана Јакимовска, посочи 15 причини поради кои деведесеттите години кога Унгарија, Словачка, Чешка, Полска од посиромашни држави станаа членки на ЕУ, Македонија ги загуби во неповрат:
Прва причина - СДСМ во 1994, далеку од очите на европската јавност, ги фалсификува претседателските и парламентарни избори. Втора - тепање на граѓаните во Ѓорче, Бит пазар, Тетово. Трета- во 1994 година вооружени лица упаѓаат во дискотеката Хард рок" и ја демолираат. Четврта - не постои Закон за јавни набавки, па за сите јавни набавки се одлучува со интерни одлуки на само неколку министри од Владата на Црвенковски, меѓу кои Јане Миљовски и Љубомир Фрчковски и други. Петта причина - се врши масовна партизација на судството - во 1996 година СДСМ во Собранието, без присуство на опозиција ги избира сите судии. Шестта - во 1995 година се случува атентат на претседателот Киро Глигоров, власта не прави ништо за да го разјасни обидот за овој атентат. Седма во 1996 година Владата на СДСМ и Црвенковски го донесе Законот за приватизација на државниот капитал во претпријатијата, со кој се предвидуваа попусти за продажба на државниот капитал. 200.000 граѓани останаа без работа. Осма - во 1997 година Љубомир Фрчковски склучува зделки со ЗУС за набавка на јавни документи, Министерството е оштетено за 30 милиони марки. |
|
Повеќе...
|
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Сабота, 04 Септември 2010 20:25 |
|
По повод 5-ти септември, годишнината од бродската катастрофа во која трагично ги загубија животите 15 граѓани на Р.Бугарија, општина Охрид заедно со Здружението на граѓани "5-ти септември" од Охрид, ротари клубот "Пирдоп" од Р.Бугарија и ротари клубот "Охрид", достојно ќе го одбележи овој трагичен настан.
Со почеток во 10 часот во црквата „Св. Никола – Геракомија“ ќе се одржи црковен помен за трагично загинатите. Во ресторанот "Далга“ во 14:30 часот ќе пристигнат членовите на семејствата на загинатите и градоначалниците на градовите Пирдоп и Антов од Република Бугарија.
На местото на трагичниот настан, плажата Елешец, градоначалниците на Охрид, Пирдоп и Антов ќе им оддадат почит на загинатите бугарски туристи.
Делегации на Локалната самоуправа и Советот на општина Охрид, Здружението на граѓани "5 – ти септември“ , ротари клубот "Пирдоп" од Р. Бугарија и ротари клубот „Охрид“ од Р. Македонија ќе положат свежо цвеќе на Спомен – плочата на жртвите на бродската трагедија во паркот спроти угостителското училиште "Ванчо Питошески". |
|
Повеќе...
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Сабота, 04 Септември 2010 19:54 |
|
Скратувањето на средствата за Комисијата за антикорупција не ја загрозува работата на оваа институција, изјави премиерот Никола Груевски, повикувајќи го претседателот на Комисијата за сите проблеми да се обрати во владата на институционален начин, а не преку медиумите. Груевски исто така рече дека од Комисијата за антикорупција до сега не примил ниту една жалба.
„По ребалансот има до 50 отсто повеќе средства отколку што добиваа за време на владеењето на СДСМ. Доколку не сум во право ја повикувам Антикорупциската комисија институционално да се обрати до Владата и ќе најдеме начин да го решиме проблемот. Ние секако нема да ги оставиме без средства за работа“, рече Груевски.
Овие тврдења ги отфрли првиот човек на Комисијата за антикорупција, Илми Селами истакнувајќи дека за оваа проблематика е информирано министерството за финансии и Владата, пред и по реализирањето на ребалансот на буџетот.
“Ваквата изјава на премиерот би ја нарекол само обид од разните политички центри во земјава каде се обидуваат Комисијата да ја внесат во спорови на секојдневната политика. Фактите говорат поинаку, пред да се случи ребалансот, скратувањето на буџетот, три пати со службено писмо и за тоа имаме документација, со факти можеме да докажеме такво нешто, дека сме се обратиле до министерството за финансии, еднаш сме се обратиле на владата“, тврди Селами.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Сабота, 04 Септември 2010 20:10 |
|
Деведесетите години е период кога беа направени големи штети, а испуштените шанси не може да се надоместат, рече во саботата премиерот Груевски Според премиерот Никола Груевски, смета дека грешките направени во 1990-те години беа од стратешки карактер со последици коишто се чувствуваат до денес „Моделот на приватизацијата не може да се поправи.
Обезвреднет е капитал од околу пет милијарди евра, испуштени се од работа околу 200 илјади работници, пропуштена е можноста за влез на странски инвестиции, а компаниите се дадени на локални менаџери блиски до тогашната власт кои незнаеја добро да работат. Уште 20 години ќе ги чувствуваме последиците од погрешните чекори за време на транзицијата“, изјави Груевски коментирајќи ја политичката дебата околку 90-тите години. Ви однос критиките од страна СДСМ за вчерашниот отчет на Владата, премиерот истакна дека не слушнал ништо суштинско од опозицијата освен тоа како изгледал и дали му затреперил гласот. Тоа од една страна ми говори дека СДСМ нема ни што да кажат, а од друга страна дека опозицијата нема силен капацитет, што мене ми дава поголема сила да продолжиме со реализирање на проектите, изјави Груевски и додаде дека засега се работи за скратена верзија на отчетот, но се очекува наскоро да излезе во долга верзија во печатена и електронска форма. |
|
Повеќе...
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Петок, 03 Септември 2010 18:06 |
|
СДСМ вчера обвини дека Македонија станала каубојска држава во текот на четиригодишното владеење на Никола Груевски и дека убиствата станале секојдневие.
Токму затоа тие побараа оставка од министерката Јанкуловска Среде Скопје во период кога има врвулица од граѓани и во близина на група тинејџери како во мафијашки филм се случи ладнокрвно убиство во кое беа убиени тројца, од кои еден вработен во МВР, телохранител на министерката Гордана Јанкуловска и баџанак на шефот на обезбедувањето на премиерот. Замислете тој седел во ресторан со двајца дилери на дрога. Еден од нив бил Јордан Јорданов со прекар ‘Ркулот член на таканаречената Франкфуртска мафија - рече Андреј Петров. Од СДСМ прашуваат што барал вработен во Шестата управа на МВР, задолжен да се грижи за безбедноста на министерката Јанкуловска, да седи со двајца дилери на дрога? - Дали е нормално полициски функционери да ручаат со дилери на дрога? Или можеби, баџанакот на шефот на обезбедувањето на премиерот, договарал некаков бизнис со нив? Безредието и хаосот почнаа да заземаат невидени размери. Вчерашното убиство претставува потврда дека во Македонија веќе никој не е безбеден. Повеќе од се', докажа дека во овие четири години на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, криминалот и власта одат рака под рака. Затоа, најмалку што може да стори министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е веднаш да си поднесе оставка - рече Петров. |
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Лист 5 од 154 |
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
 |
| |
Macedonia News На Мобилен Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет (Не го користете мобилниот додека возите )
|
|
 |
|
 |
|
|
|
|