|
|
|
 |
|
 |
| |
 |
Починаа и двајцата повредени во пукањето што се случи во скопската населба Аеродром. Неофицијалните информации говорат дека напаѓачот бил уапсен на патот Скопје – Велес во автомобил марка “”BMW””. Убиените, според непотврдени информации биле припадници на МВР, а меѓу нив бил и близок роднина на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски. Непознато лице вечерва околу 20 часот, со калашников пукаше кон три лица кои седеле на заедничка маса со девојка во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во трговскиот центар „Три бисери“ во скопската населба Аеродром. Откако го извршил убиството, непознатиот сторител, кој спред очевидците бил средовечен маж, ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил и заминал во непознат правец. |
|
Читај повеќе... |
Macedonia News |
 |
|
|
 |
|
 |
|
|
|
 |
 |
|
 |
| |
|
Рибокрадците удрија по крапот и јагулите |
|
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Вторник, 27 Јули 2010 19:03 |
|
Нов начин за уништување на рибниот фонд се појавува во Охридското езеро.
Спортските риболовци тврдат дека во езерото се случува масовна појава на уништување на крапот и јагулата и тоа со помош на подводни пушки и пиштоли односно со харпуни кои кај нас се забранети за употреба. Забележале неколку капитални примероци на крап оваа недела кои биле исфрлени на брегот на езерот. "Несовесните риболовци кои поседуваат подводни пушки и пиштоли со нуркачки одела влегуваат со светло навечер и пукаат во рибата. Ја прободуваат со копје и ја вадат..." Радован Димитриевски СРК Свети Апостол Петар Од надлежните државни институции, спортските риболовци бараат под итно да се реагира. Кажуваат дека подводните пушки и пиштоли ги има во слободна продажба, а голем дел од нив се набавувале од Бугарија, Турција и Грција.
„На удар не е само крапот, на удар се и јагулите кои престојуваат во самата трска. За лов на јагули се употребуваат вилушки, а за лов на крап употребуваат копја за да може да ја пробие јаката кожа на рибата. Со еден удар рибата е готова. Тие остануваат живи и како такви ги вадат. Но, оние риби кои ќе се откачат бегаат во длабочините и постепено умираат, потоа ги исфрла водата, а глетката и мирисот се неубави“.Риболовците тврдат дека најголем дел од примероците кои ги пронашле пцовисани биле и полни со икри со што дополнително му се нанесува удар на рибниот фонд. Сепак, директорот на државниот Инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, Вано Димитриевски, телефонски демантираше дека станува збор за масовна појава. Според него тоа биле неколку изолирани случаи кои рибочуварската служба будно ги следела, а лицата кои се занимавале со таа дејност им биле познати, па многу брзо ќе се преземеле мерки. Според законот за рибарство, за лов со подводни пушки и пиштоли, освен парична казна, предвиден е и затвор од една до пет години.
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
 |
| |
Архива
-
Април, 2010
-
Март, 2010
-
Февруари, 2010
-
Јануари, 2010
-
Декември, 2009
-
Ноември, 2009
-
Октомври, 2009
-
Септември, 2009
-
Август, 2009
-
Јули, 2009
Macedonia News На Мобилен Не го користете мобилниот додека возите
|
|
 |
|
 |
|
|
|
|