|
47 Години од катастофалниот земјотрес во Скопје (26.07.1963 - 26.07.2010 ) |
|
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Понеделник, 26 Јули 2010 19:42 |
|
На денешен ден пред 47 години, поточно на 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.
Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000 објекти. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани. По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина. Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“. Во прилог следат првите фотографии од познатото списание „LIFE“, како и првото видео во кои светската јавност се запозна со овој катастрофален земјотрес.
|