|
|
|
 |
|
 |
| |
 |
Починаа и двајцата повредени во пукањето што се случи во скопската населба Аеродром. Неофицијалните информации говорат дека напаѓачот бил уапсен на патот Скопје – Велес во автомобил марка “”BMW””. Убиените, според непотврдени информации биле припадници на МВР, а меѓу нив бил и близок роднина на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски. Непознато лице вечерва околу 20 часот, со калашников пукаше кон три лица кои седеле на заедничка маса со девојка во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во трговскиот центар „Три бисери“ во скопската населба Аеродром. Откако го извршил убиството, непознатиот сторител, кој спред очевидците бил средовечен маж, ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил и заминал во непознат правец. |
|
Читај повеќе... |
Macedonia News |
 |
|
|
 |
|
 |
|
|
|
 |
 |
|
 |
| |
|
СДСМ обвинува за упад во СРД, ВМРО негира |
|
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Понеделник, 26 Јули 2010 19:34 |
|
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разменија обвинувања во врска со назначувањето на двајца нови членови во Советот за радиодифузија Борис Арсов и Алма Машовиќ.
Партијата на Црвенковски смета дека предлог одлуката е незаконска, бидејќи е прекршена процедурата за нивен избор.
„Во сите извештаи на Европската Комисија во изминативе четири години без исклучок се нотирани негативни забелешки за односот на власта кон медиумите.
Наместо да ги поправи состојбите и да работи на унапредување на независноста на медиумите, денес ВМРО-ДПМНЕ направи груб упад во независно регулаторно тело како што е Советот за радиодифузија.
Очигледно за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не постои ниту закон, ниту процедура, за нив е најважно да инсталира партиски војници во Советот за радиодифузија“ рече Емилијан Станковиќ, пратеник СДСМ
Но, од партијата на Груевски ги отфрлија обвинувања на СДСМ .ВМРО-ДПМНЕ рече дека го разбира гневот на социјаледемократите бидејќи истекол мандатот на нивните кандидати.
“Тоа што секогаш кога Собранието избира членови на одредени тела, а надлежна е Комисијата за прашања на изборите и именувањата, никогаш нема јавен оглас е затоа што тоа воопшто не е предвидено со законот. Во законот е предвидено јавен повик, што е многу различно.
Јавниот повик се однесува од институцијата Собрание до МАНУ и до другите институции кои се наброени, а Собранието не може да си упатува само на себе јавен повик“, изјави Илија Димовски, пратеник ВМРО ДПМНE. Членовите на комисијата за избори и назначувања од редовите на СДСМ ја напуштија седницата и дебатата ја продолжија на пленарната седница, каде исто така беше надгласано барањето, за повлекување на оваа точка од дневниот ред.
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
 |
| |
Архива
-
Април, 2010
-
Март, 2010
-
Февруари, 2010
-
Јануари, 2010
-
Декември, 2009
-
Ноември, 2009
-
Октомври, 2009
-
Септември, 2009
-
Август, 2009
-
Јули, 2009
Macedonia News На Мобилен Не го користете мобилниот додека возите
|
|
 |
|
 |
|
|
|
|