Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста

Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста 

Македонија е ценет партнер на Соединетите Држави, и ние го вреднуваме македонскиот придонес кон светската безбедност, пишува претседателот на САД Барак Обама во својата честитика до граѓаните на Македонија по повод 8-ми септември Денот на независноста испратена до претседателот Ѓорѓе Иванов. “Ја поддржуваме Македонија која продолжува на реформскиот пат и се движи кон интеграција во евро-атланските институции. Верувам дека нашето партнерство дополнително ќе се засили и продлабочи како што ја продолжуваме нашата соработка за да оствариме толеранција, мир и просперитет за да го унапредиме човековото достоинство“, се вели во честитката од Обама. Честитка по повод државниот празник испратил и германскиот…

 	 Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија

Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија 

Денот на независноста денеска беше прославен и меѓу Македонците во Пустец, Албанија. Големиот државен празник беше одбележан со песни и ора во рамките на фолклорниот фестивал “Преспа 2010“ и во присуство на премиерот Никола Груевски. Груевски претходно се сретна со градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и претставници на македонската заедница во Албанија. Груевски по средбата истакна дека Македонците од Албанија и Албанците во Македонија можат да бидат добар мост за зајакнување на односите меѓу двете земји. „Имајте предвид дека секогаш кога ќе процениме дека на било кој начин можеме да помогнеме, во владата на Република Македонија и во мене лично…

Штипјанец блудничел врз осмоодделенки

Штипјанец блудничел врз осмоодделенки 

 Шеесет и петгодишниот штипјанец Т.Г е осомничен дена извршил полов напад врз две малолетни девојчиња.Кривичното дело го извршил во текот на април и мај годинава  кога успеал да обезбеди телефонски  броеви на двете девојчиња, кои биле осмооделенки и договорил средба на штипскиот плоштад од каде ги зел со автомобил „пежо“. 

19 години самостојност.Честит празник!

19 години самостојност.Честит празник! 

"Пред 19 години, ние граѓаните на Република Македонија имавме историска чест да бидеме генерацијата која беше носител на процесот на воспоставувањето на независноста, идеја која беше сон на бројни генерации македонски патриоти... Прославувајќи го 8-ми септември - Денот на независноста, се присетуваме и на сите процеси, настани и случувања, кои со сета своја големина и значење се вградија во македонската историја во последните 19 години. И покрај сите предизвици и потешкотии со кои се соочувавме и се соочуваме, Република Македонија и нејзините граѓани, покажувајќи висока демократска зрелост, не отстапија од остварувањето на идејата за дополнителен развој на демократското и просперитетно општество, унапредувањето…

Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник

Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник 

Премиерот Никола Груевски го поздрави денеска усвоениот собраниски деловник во Парламентот истакнувајќи дека е значаен за продолжување  на градењето добра клима во Собранието за добар политички дијалог. - Добро е што денеска се изгласа иако тоа можеше да се случи многу порано, но за жал заради кочењето од СДСМ и Бранко Црвенковски изгубивме многу време и добивме многу критики, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашња по пуштањето во употреба спортска сала во ОУ „Дитурие“ во општина Сарај. Според Груевски ВМРО-ДПМНЕ и владејачките партии покажале голема зрелост со прифаќањето на сите 23 барања на СДСМ и на опозицијата како и…

Пратеникот Николоски ќе го кани Папата во Охрид

Пратеникот Николоски ќе го кани Папата во Охрид 

Пратеникот Александар Николоски во својство на Претседател на македонската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа на 07 и 08 септември ќе биде во работна посета на Црна Гора, Ватикан и Италија. Предвидено е на 07 септември да се сретне со пратеникот во Црногорскиот Парламент Радивое Никчевиќ претседател на Административниот одбор на Парламентот. Се очекува да се разговара за продлабочување на односите меѓу двата Парламента како и помеѓу двеете држави Македонија и Црна Гора. Предвидено е на 08 септември Неговата светост Папата Бенедикт ЏВИ за членовите на Бирото на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да приреди аудиенција. Имајќи…

1 2 3

 
 
 
 
 
СДСМ сака Македонија да добие негативен извештај за напредокот Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Недела, 25 Јули 2010 06:25

Собранието не успеа пред одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација на Брисел да му испрати порака за подобрување на политичкиот дијалог.
Мнозинство и опозицијата не успеаја  да ги надминат разликите околу усвојувањето на измените и дополнувањата на Деловникот за работата  на Собранието. Пратениците на СДСМ, НСДП и НД ја бојкотираа седницата затоа што мнозинството ги стави без консензус на дневен ред промените во деловникот. Тие, исто така, бараат и формирање на посебна комисија за контрола на трошоците во буџетот. Претседателот на Собрание Трајко Велјановски ја одложи седницата на  неодредено време.

„ Ако сакаме да се интегрираме во европското семејство, ако сакаме државнички одлуки, пред се овде треба да бидеме интегрираме за суштински работи. Сепак, одговорноста за европскиот напредок е заедничка“ рече Трајко Велјановски, претседателот на Собранието

„Со денешната реторика ВМРО-ДПМНЕ неуспешно се обиде да се оправда и да ја подели одговорноста за негативниот извештај од ЕУ кој највеќе од се ќе зборува за политичко влијание во вработувањето и работењето на администрацијата.

Отсутство за вистинска борба против корупцијата, владиниот притисок врз судството, немањето на посветеност кон Рамковниот Договор, Законот за антидискриминација, притисокот врз медиумите. ВМРО ДПМНЕ се уште има шанса да донесе одлука во интерес на граѓаните. да изгласа посебно собраниско тело за контрола на трошењето на парите“, изјави Јани Макрадули, пратеник на СДСМ

Имено, претходно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија нивните колеги од СДСМ дека се нивното неприсуство на седницата, е доказ дека СДСМ сака негативен извештај од Европската комисија за напредокот на земјата.

Јас сум запрепастена уште повеќе затоа што знаат дека денеска е последен ден кога република Македонија треба да испорача позитивен одговор до Советот за стабилизација и асоцијација “ рече  Силвана Бонева, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

„Во овој момент сега, веќе не е важно каков деловник ќе донесеме, важно ем како тој ќе го донесеме, дали ќе го донесеме тоа со консензус, бидејќи тоа Брисел го бара од нас “ Роза Топузова-Каревска, пратеник на ЛДП

Рафиз Халити од ДУИ рече дека за партијата е  приоритет да се постигне овој компромис со цел за земјата да добие позитивен извештај од Европската комисија.

" Непостигнувањето на компромис, нешто што во овој момент не би сакал да го искажам, мислам дека на сите ни е јасно дека ќе ја оштети нашата, без разлика дали се од позицијата или опозицијата, а потоа мора да се свати  дека последиците ќе ги чувствуваат на нивна кожа и граѓаните на Македонија".

Вељановски најави продолжение на координациите до постигнување договор.
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )