|
|
|
 |
|
 |
| |
 |
Штипјанец блудничел врз осмоодделенки
Шеесет и петгодишниот штипјанец Т.Г е осомничен дена извршил полов напад врз две малолетни девојчиња.Кривичното дело го извршил во текот на април и мај годинава кога успеал да обезбеди телефонски броеви на двете девојчиња, кои биле осмооделенки и договорил средба на штипскиот плоштад од каде ги зел со автомобил „пежо“.
19 години самостојност.Честит празник!
"Пред 19 години, ние граѓаните на Република Македонија имавме историска чест да бидеме генерацијата која беше носител на процесот на воспоставувањето на независноста, идеја која беше сон на бројни генерации македонски патриоти... Прославувајќи го 8-ми септември - Денот на независноста, се присетуваме и на сите процеси, настани и случувања, кои со сета своја големина и значење се вградија во македонската историја во последните 19 години. И покрај сите предизвици и потешкотии со кои се соочувавме и се соочуваме, Република Македонија и нејзините граѓани, покажувајќи висока демократска зрелост, не отстапија од остварувањето на идејата за дополнителен развој на демократското и просперитетно општество, унапредувањето…
Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник
Премиерот Никола Груевски го поздрави денеска усвоениот собраниски деловник во Парламентот истакнувајќи дека е значаен за продолжување на градењето добра клима во Собранието за добар политички дијалог. - Добро е што денеска се изгласа иако тоа можеше да се случи многу порано, но за жал заради кочењето од СДСМ и Бранко Црвенковски изгубивме многу време и добивме многу критики, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашња по пуштањето во употреба спортска сала во ОУ „Дитурие“ во општина Сарај. Според Груевски ВМРО-ДПМНЕ и владејачките партии покажале голема зрелост со прифаќањето на сите 23 барања на СДСМ и на опозицијата како и…
Пратеникот Николоски ќе го кани Папата во Охрид
Пратеникот Александар Николоски во својство на Претседател на македонската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа на 07 и 08 септември ќе биде во работна посета на Црна Гора, Ватикан и Италија. Предвидено е на 07 септември да се сретне со пратеникот во Црногорскиот Парламент Радивое Никчевиќ претседател на Административниот одбор на Парламентот. Се очекува да се разговара за продлабочување на односите меѓу двата Парламента како и помеѓу двеете држави Македонија и Црна Гора. Предвидено е на 08 септември Неговата светост Папата Бенедикт ЏВИ за членовите на Бирото на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да приреди аудиенција. Имајќи…
Македонци лажно обвинети за носење оружје во црногорски авион
Двајца Македонци и еден Црногорец биле лажно обвинети дека носат оружје на летот од Подгорица до Франкфур, поради што авионот на "Монтнегро еирлајнс" морал да се врати на аеродромот во Подгорица кратко откако полетал, објави интернет страната www.exyuaviation.com која објавува вести поврзани со воздрушниот сообраќај на небото од поранешна Југославија. Според информациите на порталот, вчера откако авионот "Фокер Ф10" во 11,40 часот полетал од аеродромот во Подгорица кон Франкурф дваесет и седумгодишна девојка се обидела да влезе во кокпитот на пилотите тврдејќи дека еден црногорски државјани и двајца Македонци носат оружје. Девојката изјавила дека ги слушнала тројцата мажи како разговараат дека…
Иванов оптимист за решение на името
Во претстојниот период може да се дојде до решение на проблемот со името на Македонија, смета македонскито претседател Ѓорѓе Иванов, темелејќи го својот оптимизам на, како што вели, подобрената клима во односите меѓу Македонија и Грција „Честите средби на двајцата премиери многу придонесуваат за подобро разбирање и јакнење на довербата, оценуваат од Кабинетот и додаваат дека претседателот ќе ги посочи нашите позиции – бараме решение кое ќе биде во рамки на Резолуцијата 817 и времената спогодба, ништо повеќе и ништо помалку“, велат од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов.
|
|
|
 |
|
 |
|
|
|
 |
 |
|
 |
| |
|
Бродовите вкотвени во Охридското пристаниште |
|
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Понеделник, 19 Јули 2010 05:23 |
|
 Стотици туристи во саботата не отпатувале на атрактивната тура за Свети Наум и други дестинации на Охридското Езеро, заради забраната за пловење што Капетанијата им ја изрече на патничките бродови, поради тоа тие немаат извршено технички преглед Бродовите останале вкотвени кај пристаништето а бродарите во знак на револт со вклучени сирени протестираа против одлуката на Капетанијата, која според нив е спротивна на законот, јави Охридњус, . „Според меѓународните стандарди, проверката на техничката способност на бродовите може да се изврши 3 месеци пред или по регистрацијата на пловните објекти. Регистрацијата на охридските бродови истече пред околу еден месец што значи дека техничката согласност за пловидба се уште важи“, вели Горан Устијаноски од Здружението на бродари. Тој додава дека со изрекување на забраната ќе се нанесе тежок удар на охридското бродарство бидејќи туристичката сезона е кратка и секој изгубен ден претставува ненадоместлива штета која најдиректно ќе ја почувствуваат не само гостите во Охрид, туку и посадите на бродовите и нивните семејства. Бродарите ја обвинија Капетанијата дека нема слух за нивните проблеми и дека со месеци се игнорираат нивните барања да се стави ред во внатрешната пловидба. Според нив изборот на „Биро Веритас“ за овластен регистер исто така ќе биде на штета на бродарството затоа што услугите на оваа реномирана компанија се 400 отсто поскапи од тие на регистрите од Србија или Бугарија, кои како солуција Здружението на бродари ги понудило на Министерството за транспорт. Забрана за пловидба ќе трае се додека бродарите не извршат технички преглед кај овластениот регистер „Биро Варитас“. Бродарите велат дека доколку сега ја отпочнат таквата процедура истата ќе трае долго и ќе ја пропуштат сезоната. Затоа тие предлагаат наместо основен да се изврши редовен технички преглед и тоа да го направи некој од регистрите во соседството кој тоа може да го реализира за неколку дена.
Во спротивно, велат бродарите, во прашање ќе биде доведена и безбедноста на туристите кои за подалечните дестинации на Охридското Езеро сега наместо со бродови ќе патуваат со кајчиња кои не можат да пловат во секакви услови. Бродарите кажаа дека ќе ја почитуваат забраната, но побараа Министерството за транспорт исто така да ги чуе нивните забелешки и да се изнајде решение за новонастанатата состојба.
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
 |
| |
Архива
-
Април, 2010
-
Март, 2010
-
Февруари, 2010
-
Јануари, 2010
-
Декември, 2009
-
Ноември, 2009
-
Октомври, 2009
-
Септември, 2009
-
Август, 2009
-
Јули, 2009
Macedonia News На Мобилен Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет (Не го користете мобилниот додека возите )
|
|
 |
|
 |
|
|
|
|