|
Истражниот суд во Битола денеска одреди притвор во траење од по 30 дена на фармерот Душко Илиевски, неговиот брат Цане и татко им Томе по поднесената кривична пријава неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекрузори Битолската полиција вчера во градината на семејството Илиевски во Градско поле пронајде 207 стебла Канабис сатива, а Илиевски тврдеше дека тоа било див коноп. СДСМ обвини дека Илиевски, кој на последниот митинг на СДСМ ја критикуваше власта, е нејзина жртва, а ВМРО – ДПМНЕ реагираше што СДСМ брани луѓе кои одгледуваат дрога. „Немаа како да ме затворат еве сега вака ме затвараат за инает на Груевски јас се уште имам срце и нема да се предадам“, рече Душко Илиевски, пред изведувањето пред истражниот суд. Неговиот бранител адвокатот Борис Кондарко, како што јави битолската телевизија тера, смета дека се работи за класично местење зошто обвинетиот застана на страната на земјоделците и фармерите. „Сето ова е бесмислено, еден искреиран случај со политичка позадина и се надевам дека судот ќе застане на страната на правдата“, рече Кондарко, прашувајќи како од правен аспект како може да се заштити лице во чиј имот само никнало стебло на канабис сатива. „Пријавените во текот на 2010 година неовластено произведувале наркотична дрога марихуана на начин што неовластено засадиле Канабис сатива на градинарска парцела во местото викано Градско поле во околината на Битола на истата ја одгледувале, ја обработувале и ја наводнувале со помош на распрскувачки систем за наводнување“, вели Ѓоко Стрезовски портпарол на СВР Битола.
Тој вели дека и во случаи кога се работи за саморастечка канабис сатива во нечија нива или двор тоа е казниво со закон. „Секој граѓанин е должен да пријави кршење на закон во блиската полициска станица,“ вели Ѓоко Стрезовски портпарол на СВР Битола. На обвинетиот Душко Илиевски, неговиот брат Цане и татко им Томе за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекрузори им се заканува казна затво
|