Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Дејан починал од удар со нога во градите, нема кој да го препознае убиецот

Дејан починал од удар со нога во градите, нема кој да го препознае убиецот 

Обдукцијата на телото на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој беше убиен во Охрид, покажа дека починал од последиците на ударот со нога во градите. Во докторскиот наод стои дека по ударот се случиле големи осцилации во работата на срцето, кое од силниот удар престанало да пумпа крв.Целиот инцидент нејасно може да се види и на видео-материјалот во траење од шест часа кој го снимиле сигурносните камери на охридската пошта, но на него не се гледаат јасно лицата на сторителите.Лицата не можеле да ги препознаат и тројцата очевидци, иако сите идентично го опишале настанот.Учесниците единствено ги препозна Горан Периќ, кој во…

Македонците во Форт Вајн го прославија Денот на Независноста

Македонците во Форт Вајн го прославија Денот на Независноста 

Поттикнати од Обединетата Македонска Дијаспора, Македонците од Форт Вејн, Индијана САД во среда организираа свечено кревање на македонското знаме пред основниот суд во нивниот град Свечениот чин почна со краток говор во врска значењето на овој ден за Македонците насекаде во светот.  На насобраните се обратија Александар Поповски, заменик директор за Меѓународни студенти на Индијана - Пурду Универзитетот во Форт Вејн, и Арџи Белио, поранешен челник на одборот на православната црква Свети Никола и постојан жител на градот. После упатните зборови, Македонците го издигнаа Македонското сонце, кое гордо ќе се вее пред судот до крајот на денот. Заради централната положба…

 Кривична и куќен притивор за охридски службеници

Кривична и куќен притивор за охридски службеници 

Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување", СВР Охрид, поднесе кривична пријава против В.Г.(60), Љ.В.(63), Н.Н.(43), В.К.(42) и Ј.Л.(41) сите од Охрид. Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид, на првите три пријавени им одреди мерка куќен притвор во траење до 30 дена. Првопријавениот В.Г. во својство на службено лице-советник за правни и катастарски работи во оделението за катастар и недвижности Охрид, со искористување на службената положба и со свесно неизвршување на службените должности, на 19. март минатата година, донел решение со кое дозволил промена и упис на недвижен имот во…

Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста

Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста 

Македонија е ценет партнер на Соединетите Држави, и ние го вреднуваме македонскиот придонес кон светската безбедност, пишува претседателот на САД Барак Обама во својата честитика до граѓаните на Македонија по повод 8-ми септември Денот на независноста испратена до претседателот Ѓорѓе Иванов. “Ја поддржуваме Македонија која продолжува на реформскиот пат и се движи кон интеграција во евро-атланските институции. Верувам дека нашето партнерство дополнително ќе се засили и продлабочи како што ја продолжуваме нашата соработка за да оствариме толеранција, мир и просперитет за да го унапредиме човековото достоинство“, се вели во честитката од Обама. Честитка по повод државниот празник испратил и германскиот…

 	 Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија

Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија 

Денот на независноста денеска беше прославен и меѓу Македонците во Пустец, Албанија. Големиот државен празник беше одбележан со песни и ора во рамките на фолклорниот фестивал “Преспа 2010“ и во присуство на премиерот Никола Груевски. Груевски претходно се сретна со градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и претставници на македонската заедница во Албанија. Груевски по средбата истакна дека Македонците од Албанија и Албанците во Македонија можат да бидат добар мост за зајакнување на односите меѓу двете земји. „Имајте предвид дека секогаш кога ќе процениме дека на било кој начин можеме да помогнеме, во владата на Република Македонија и во мене лично…

Штипјанец блудничел врз осмоодделенки

Штипјанец блудничел врз осмоодделенки 

 Шеесет и петгодишниот штипјанец Т.Г е осомничен дена извршил полов напад врз две малолетни девојчиња.Кривичното дело го извршил во текот на април и мај годинава  кога успеал да обезбеди телефонски  броеви на двете девојчиња, кои биле осмооделенки и договорил средба на штипскиот плоштад од каде ги зел со автомобил „пежо“. 

1 2 3

 
 
 
 
 
Наезда на жаби во Струга Печати Е-пошта
Вести - Занимливости
Недела, 25 Јули 2010 06:36

Веќе десетина дена во домовите на стружани се појавуваат жаби. Иако се мали по големина ги има на сите страни. Излегуваат од секаде, од секоја дупка на ѕидовите и дворовите.

Се појавуваат рано наутро и доцна навечер по заоѓањето на сонцето. Стружани раскажуваат дека вакво нешто не паметат 30 години. Доколку вратите се отворени ни  влегуваат во домовите, ги има многу и навистина не знаеме како да се справиме со оваа појава, раскажуваат стружани.
 „Ако може да се најде некое средство, да се најде некое чаре. Можеби не се опасни, мали се но вознемируваат. Скокаат упорно за да влезат и внатре. Излегуваат од сите страни и ги има најмогу на пониските места, пред вратите од подрумите. На почетокот се изненадив мислев дека е затоа што имаме канал покрај куќа, дека можеби е од тоа. Но, гледам дека секој ден проблемот е ист.“

 „Има. Секој ден ги има. Има и во дворовите“.

 „Навечер најмногу излегуваат бидејќи на сонце не се појавуваат. Мали се по големина, ептен се мали, ситни се многу. Се појавуваат покрај тревата и најмногу ги има после дожд кога времето е врнежливо. Друга година немало вакво нешто. Годинава ги има многу“.

И екологистите се изненадени од ваквата појава. Но, имаат неколку објаснувања.

Ова е резултат на излевањето на реката Црн Дрим во струшкиот дел. Знаеме дека Црн Дрим максимум што може да прими е од 60 до 80 метри кубни вода во секунда. Но, нивото се зголеми и повеќе 120 метри кубни вода. Причина се и подземните води кои се појавија, но и високите температури кои се појави во месец јули“. - Лазо Наумовски- екологист

Постарите жители по малку уплашени сметаат дека овој феномен би можел да биде предзнак за враќање на струшкото мочуриште. Од струшката локална самоуправа немаа одговор дали ќе преземат конкретни мерки за справување со напаста. Инаку, ваква појава деновиве е  регистрирана и во Преспа.
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )