Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Петревски предвреме да ја прекине посетата на Австралија Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Четврток, 11 Март 2010 10:40

Посетата на градоначалникот на Охрид, Александар Петревски на Австралија, денеска повторно тема за политички препукувања. Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, Цветко Грозданов, го обвини Петревски дека се шета по светот, додека граѓаните и државните институции, како што рече, се борат со природните непогоди во неговата општина.

“За градоначалникот Петрески поприоритетни му се посетите на фудбалски натпревари, комодитетот и топлото време во Австралија, од проблемите на општината.

После вчерашното соопштение на СДСМ, а во врска со овој настан, ВМРО-ДПМНЕ бара и тие да побараат оставка од градоначалникот Александар Петрески”, рече Грозданов.

Посетата на Австралија е голема и недозволива грешка повтори и денеска претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, но ги нападна и претставниците на Владата. Вината ја лоцира во тоа што премиерот Груевски и неговите соработници ја убедувале јавноста дека во Охрид не се случува ништо.

“Секој, па можеби и градоначалникот Петрески би можел да заклучи дека може мирно и спокојно да замине во Австралија. Со други зборови евентуална оставка на градоначалникот можеме да разледуваме во пакет со оставка на Владата на Република Македонија”, изјави Црвенковски.

И додека Црвенковски тврди дека Петрески ги информирал дека предвреме ќе ја прекине посетата, од Службата за односи со јавноста на охридскиот градоначалник утринава соопштија дека тој немал намера да се врати порано, па во земјава ќе дошол по две недели.
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија