Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Билатералните спорови да не ја попречуваат евроинтеграцијата Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Вторник, 09 Март 2010 13:01

Билатералните спорови не треба да го попречуваат евроинтегративниот процес и треба да се решаваат надвор од преговорите за членство во ЕУ, заклучија по денешната средба во Загреб шефовите на дипломатиите на Македонија и на Хрватска, Антонио Милошоски и Гордан Јандроковиќ.

- Билатералните спорови кои се повеќе или помалку релевантни меѓу билатералните односи меѓу земјите-членки и земјите-кандидатки за членство не треба да претставуваат пречка во процесот на ЕУ интеграциите и не треба на тој начин да и штети на кредибилитетот на самата Унија и на европските интеграции во целина, изјави Милошоски.

Тој истакна дека Македонија е подготвена за почеток на преговорите за членство во ЕУ и смета оти искуството на Хрватска ќе биде од голема корист за Македонија во тој процес. Милошоски смета дека во однос на регионалните прашања Македонија и Хрватска имаат блиски позиции и преку координиран пристап придонесуваат за унапредување регионалната соработка.

Во врска со членството во НАТО, шефот на македонската дипломатија истакна дека Македонија ги исполни сите услови за влез во Алијансата, и иако формално се уште не е членка ги презема и исполнува сите обврски како да е дел од НАТО.

- Иако Македонија се уште не е де јуре членка на НАТО, таа де факто е држава која ги исполнува сите критериуми и презема големи обврски околу ангажманот во мисиите на НАТО. Оваа година Македонија ќе го зголеми бројот на војниците во Авганистан, кој сега изнесува 170, за дополнителни 80 војници, за што веќе е добиена поддршка од Собранието, рече Милошоски. За него тоа е уште еден начин една држава, која е сериозен аспирант за членство да сноси голем дел од обврските на НАТО, како на регионален, така и на глобален план.

Во однос на НАТО интеграциите, додаде Милошоски, Хрватска не е само наш пријател, туку и еден вид адвокат кој ги застапува интерсите на регионот и може значително да и помогне на Македонија да го заземе своето заслужено место и членство во Алијансата.

Хрватскиот министер за надворешни работи и европски интеграции истакна дека Хрватска како членка на НАТО дава силна поддршка Македонија во блиска иднина да стане дел од евроатлантското семејство, и изрази надеж оти набрзо ќе се најде решение за спорот со Грција околу името.

- Хрватска е во завршна фаза на процесот на преговори со ЕУ. Сметаме Македонија што побрзо да ги отпочне преговорите за членство и се повикуваме на принципот – секоја земја на својот пат кон евроинтеграциите да биде индивидуално третирана, да ги исполни сите критериуми и да биде применет фер пристап во преговорите за членство, истакна Јандроковиќ.

Двајцата шефови на дипломатии се согласија околу тоа прашањето за сукцесијата на имотот на поранешна Југославија да се доведе при крај и да се имплементира она што претходно е договорено. Министрите согласни и оти треба повеќе да се интензивира и унапреди економската соработка, детектираните проблеми набрзо да се отстранат, за што се формирани и работни групи кои ќе работат на тоа прашање.

Милошоски и Јандроковиќ се согласија дека мост на поврзување меѓу двете земји е и македонското малцинство во Хрватска и хрватското во Македонија, како и соработката на културен план и во областа на туризмот.

Шефот на македонската дипломатија претходно се сретна со хрватскиот премиер Јадранка Косор, а попладнево ќе биде примен од претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ. Тој ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешна политика при хрватскиот Сабор Фрањо Матошиќ.

 

 

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија