Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Градоначалникот Александар Петрески PERSONA NON GRATА - непожелна личност Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Понеделник, 08 Март 2010 15:25

По повод планираната посета на охридскиот градоначалник на Австралија, сакаме да ја известиме Македонската заедница дека градоначалникот Александар Петрески го прогласуваме за PERSONA NON GRATА - непожелна личност .

Голема штета е и самата помисла да една ваква личност со нарушено реноме, да се сретне со овдешните македонски организации, здруженија и поединци од Македонската заедница.

Г-динот Александар Петрески, градоначалник и член на тесното раководство на СДСМ, ја злоупотреби позицијата која му ја довериле граѓаните и неговата активност како градоначалник од досега стореното укажува на неговите стремежи и насочувања кон тоа

~ Да се откажеме од светото име Македонија а со тоа и од нашите браќа и сестри во Егејска, Пиринска и Македонците во Мала Преспа .

~ Да бараме помош од соседот Бугарија која не ја признава македонската нација и го краде нашето минато. Ако неговиот лидер Бранко Црвенковски сака да го промени името, а овој градоначалнк сака да го ‘продаде‘ Охрид на Бугарија, за чија постапка потврдува фактот за ‘барање помош‘ од бугарскиот Премиер во случајот со Охридското езеро.

Затоа ние Македонците кои ја сакаме и почитуваме нашата вековна родна земја, Македонија, се прашуваме дали еден ваков одродник кој е член на една ваква партија, треба да доаѓа со уште неколку високи функционери и советници од СДСМ овде меѓу нас во Австралија. Браќа и сестри Македонци, ваквите личности не се пожелни и не заслужуваат место меѓу македонската дијаспора во Австралија.

Македонското Здружение ЗОМ, ја прогласува оваа делегација на чело со градоначалникот на Охрид, Александар Петроски, за непожелна и неважечка во Австралија и бараме да се откаже.

Не смееме да дозволуваме и понатаму да се повредува достоинството, честа и интересите на македонскиот народ во и надвор од Македонија. Ајде сите да се обединиме заедно, за доброто на Македонија!

 

Со почит Македонско Здружение ЗОМ


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија