Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Македонија подготвена да ја исполни обврската во процесот на евроинтеграциите Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Недела, 07 Март 2010 08:53

Процесот на евроинтеграциите е заедничка обврска на Европската унија од една страна и на Република Македонија од друга страна и ние сме подготвени да ја исполниме, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски вчера во Кордоба, Шпанија, по завршувањето на дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, т.н. Гимних (Gymnich).

- Македонија е подготвена да го исполни својот дел од работата, да ги исполни реформите и да ја покаже својата конструктивност, желба и посветеност за надминување на некои прашања кои се испречуваат на овој пат, иако некои билатерални прашања, како што многу пати досега беше напоменато не се дел од релевантните критериуми  за пристапното членство за една земја кандидат, рече Милошоски.

Во рамките на ЕУ, како што нагласи Милошоски, има голем број земји кои би можеле да бидат од голема помош при нивното лобирање и залагање за нашиот почеток на преговорите, но како што додаде, тоа во многу зависи и од однесувањето на Грција во овој процес што нам ни е добро познато и кое засега нема некои суштински измени.

Шефот на македонската дипломатија нагласи дека очекува во следниот период согласно заклучоците од минатогодишниот самит прашањето за статусот на Република Македонија и почетокот на преговорите да биде ставено на маса токму во време на шпанското претседателство.

- Дали тоа ќе биде во март или во јуни зависи од претседателството и од самата атмосфера. Но она што може да се види е дека мнозинството членки на ЕУ ја препознаваат подготвеноста и зрелоста на Македонија да ги отпочне преговорите за членство и од друга страна дека почетокот на тие преговори не само за Македонија, туку и за регионот имаат позитивен одглас, рече Милошоски.

Нашиот почеток на преговорите, како што рече шефот на македонската дипломатија, ќе биде дополнителна мотивација и за останатите земји од регионот да ги продолжат реформите и да веруваат во процесот на проширување.

– Тоа ќе не направи не само нас, туку и регионот постабилни, посериозни, поангажирани и поблиску врзани со самиот процес на интегрирање во ЕУ, а сметам дека тоа е од интерес и на самиот регион и на Унијата, додаде тој.

Милошоски на неформалната средба добил потврда од шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос дека ќе ја посети Македонија на 25 март, а неколку дена претходно, како што најави македонскиот шеф на дипломатијата, ќе биде одржана средба на лидерите од земјите од регионот во Словенија на која ќе присуствуваат и претставници од Европската комисија.

 

 

На маргините на состанокот, министерот Милошоски оствари средба со повеќе колеги од Унијата на кои било констатирано дека припадноста кон европската идеја е константна и поврзувачка.

Шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати за членство во ЕУ, Македонија, Хрватска и Турција, традиционално учествуваат на неформалниот состанок, на кој се дискутираше за состојбите во регионот на Западен Балкан, како подготовка за состанокот на високо ниво за Западен Балкан кој е предвидено да се одржи кон крајот на мај или почетокот на јуни во Сараево, во организација на шпанското претседателство.

На дводневниот состанок во Кордоба присуствуваше и високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Кетрин Ештон.


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија