Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Следната недела средби со партиите за уставните измени за судството Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Петок, 05 Март 2010 12:25

Премиерот Никола Груевски денеска при посетата на Јегуновце најави дека ќе свика лидерска средба за да ги слушне мислењата и предлозите на другите партии за владиниот предлог за уставни измени во делот на Судскиот совет. 

Целта е да се преземат голем дел од странските искуства и да се продуцираат судии со поголем интегритет, рече Груевски по посетата на неколку тетовски и гостиварски села.

- Уште како опозиција јавно кажувавме дека е голем пропуст што бројот на судии кои се бираат од самите судии во Судскиот совет не е поголем. Тоа влијае негативно во работата на Судскиот совет, изјави Груевски.

Тој истакна дека во 2006 година кога ВМРО – ДПМНЕ биле опозиција не ги гласале тие амандмани бидејќи и тогаш и сега не се согласувале министерот за правда да биде дел од Судскиот совет.

- Денеска гледам дека и меѓународната заедница се согласувата со нашите забелешки. Ќе отвориме иницијатива и ќе побараме мислење од други партии за овие измени кои сакаме да се донесат со консензус. Од тој аспект планирам следната недела да повикам лидерска средба на која ќе разговараме за овие измени и за тоа да се намали мандатот на членовите, рече Груевски потенцирајќи дека Владата сака да воведе посериозни судски реформи.

Прашан за оценка на работата на Уставниот суд тој рече дека веќе трета недела чека Судот да излезе и да каже зошто ги менува одлуките од одбивање до поништување на иницијатива.

- Тоа што го направиле е тежок преседан и не може да биде ништо друго, туку тешка непрофесионалност. Очекувам веќе трета недела да излезат и да кажат зошто за шест месеци ја смениле одлуката. Очигледно има некоја контрола врз нив бидејќи си ги менуваат одлуките и треба да кажат кој ги контролира. Можеби има логично објаснување кое ние не го разбираме и затоа апелирам до Уставниот суд да каже зошто ги менува одлуките, рече Груевски.

Појаснувајќи која е предноста од менувањето на казнената политика, премиерот истакна дека во минатото во многу случаи поради ниските казни луѓето свесно ги кршле законите. Затоа биле воведени повисоки казни со кои се сакало да се подигне свеста.

Тој најави дека ќе се изврши прилагодување на некои одредби со цел да се избалансираат казните за луѓето да немаат многу голема штета, но истовремено и да не бидат премногу ниски за да нема флагрантно кршење на законите.

За обвинувањата на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски дека Владата не се грижи доволно за потребите на граѓаните, Грувески рече дека Црвенковски имал прилика да биде на власт долги години и покажал што знае и сите виделе што направил.

- Најубаво се гледа кога човек е на власт колку ги посетува селата, колку им помага на земјоделците и колку се грижи за стечајците, кои патем речено тој ги создаде, така што граѓаните си ја знаат работата и само тој нека продолжи вака, рече Груевски.


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија