Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Резолуциите на ОН не предвидуваат разговори за јазикот и идентитетот Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Четврток, 04 Март 2010 15:38

Мора да се најде решение за разликата околу името меѓу Македонија и Грција и да се дојде до некоја завршница, порача денеска претседателот Ѓорге Иванов посочувајќи дека државава има црвена линија која нема да ја помине.

“За нас црвена линија е она што стои во резолуциите на ОН. Не можеме да излеземе од она што веќе е пропишано во нив. Таму стои точна формулација дека треба да се разговара за разликата околу името, не се споменуваат ниту идентитетот, ниту јазикот”, истакна Иванов.

Грчки дипломатски извори за дел од македонските медиуми вчера брифираа дека името „Република Северна Македонија“ е компромисното име. Сугерираат јазикот да се пишува “makedonski” со латинично писмо.

Овој предлог за јазикот е невообичаен, коментира професорот на Филолошкиот факултет во Скопје, Људмил Спасов. Додава и дека не се соодветни споредбите кои ги дава Атина, а според кои, тоа би било исто како и именувањето на грчкиот јазик како “elinika” или на финскиот како “suomi”.

“Тоа е многу смешно. Тоа значи дека на англиски требаат да се откажат од терминот “Greece”, од “Greak language”. Tреба ли само “Elinika language” да употребуваат? Постојат некои вообичаени норми, вообичаени правила во културата во Европа”, рече Спасов.

Во меѓувреме и понатаму во јавноста се полемизира дали во процесот се вклучени и идентитетски прашања. Аналитичарот Ибрахим Мехмети смета дека треба да му се верува на посредникот Метју Нимиц.

 

При посетите на Скопје и Атина тој рече дека се преговара за името на државата. Но, другите прашања кои произлегле во текот на годините, Нимиц ги дефинираше како „дополнителни“.

“Затоа мислам дека ова е доволен став, доволна причина Владата да почне и да не бара причини за одложување на почетокот на посериозни преговори за решавање на името”, вели Мехмети.

Засега сè уште не се знае кога и како ќе продолжи процесот. По посетите на посредникот на Скопје и Атина пред десетина дена, сè уште нема информација за средби со преговарачите од двете држави.


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија