Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Забраната ги сплоти пушачите Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Вторник, 02 Март 2010 12:49

Дали со никотинска партија или со масовно непочитување на Законот, угостителите и јавните личности ќе се борат против забраната за пушење.

На трибината организарана од Туристичкото – угостителската комора освен овие предлози се слушна и за позитивните страни на Законот.

Тој конечно ги натера страсните пушачи да го запознаат Скопје.

„Се изнагледав на границите на градот или на некои други делови на Скопје сосема пристојни места кои немаше да ги знам ако не беше овој закон. Знаете за кои места зборувам, таму каде луѓето се навикнати да даваат отпор кон глупавите закони.

Таму се случуваат интересни дружби, мешавини. Јас сум седел со градоначалници и владини службеници. Сите си седиме на раат и во разбирање“- Сашо Мацановски Трендо

Трендо вели дека промена е можна само со силен притсок бидејќи тие што ја донеле забраната не биле многу запознаени со излегувањето во град, урбаниот живот, поточно со одењето по кафеани.

Инаку, од Комората предвидуваат дека во државниот буџет за 2010 ќе се соберат 38 отсто помалку давачки од угостителството, пред сè поради забраната. Веруваат и дека ќе ја натераат владата да попушти и да ги прифати нивните предлози, а не оние на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ.

„Можеме нашето пролетно кафе со цигара да го пиеме пред Владата на Република Македонија“-- Феркан Бербери, угостител

Угостителите бараат промена на Законот со што ќе се дозволи пушење во објектите, но со тоа што ќе се пропишат строги правила кои делови се за непушачи, но и да се регулира вентилацијата за да се обезбеди чист воздух. Во моментов во собраниска процедура се две предлог-измени на законот.
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија