Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Големиот број азиланти од Липковско во Белгија е загрижувачки Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Вторник, 02 Март 2010 12:35

Евроамбасадорот Ерван Фуере како загрижувачка ја оценува состојбата со големиот број азиланти од Липковско во Белгија.
- Оваа состојба е навистина загрижувачка и како резултат на тоа целиот регион ќе биде посетен од премиерот на Белгија.

Ги цениме заложбите на Министерството за внатрешни работи, но треба да се вложат уште дополнителни напори за да се спречат туристичките агенции да ја злоупотребуваат довербата на луѓето и да им нудат патувања во земјите на ЕУ, бидејќи сето тоа е во спротивност со духот на визната либерализација доколку се врши злоупотреба, изјави евроамбасадорот Фуере, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Повеќегодишната спогодба за финансирање 2007 – 2010 за ИПА Компонента 5 – Рурален развој во Владата на Република Македонија.


Тој очекува Владата да направи напори за подобрување на економскиот развој и можностите во маргинализираните заедници, како и за подорување на инфраструктурата и отворање нови работни места во Липково и Арачиново.
- Сепак тоа не претставува никакво оправдување за луѓето да ги напуштаат нивните земји за да бараат работа на црно во земјите членки на Европската унија. Ја цениме и изјавата на премиерот Никола Груевски кој кажа дека ќе се преземат дополнителни мерки за спречувањето на појавата на азиланти од Македонија во ЕУ, нагласи Фуере.

Вицепремиерот задолжен за европски парашања Васко Наумовски од името на Владата на Република Македонија апелираше граѓаните да се воздржат од таквите патувања бидејќи, како што рече, шансите за добивање азил на македонските граѓани во некоја земја членка на ЕУ се еднакви на нула.
- Не само што тие граѓани нема да добијат азил и не само што повторно ќе бидат вратени во Република Македонија, туку постои голема веројатност да добијат и повеќегодишна или трајна забрана за влез во Шенген зоната што секако не е она што го посакуваат, рече вицепремиерот Наумовски.
Тој вети дека сите надлежни институции ќе продолжат со активностите првичната појава на азиланти да се заврши што поскоро и да се превенира успешно
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија