Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Не треба да има контра кампања против проектот „Скопје 2014“, став на авторите Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Понеделник, 08 Февруари 2010 14:09

 Авторите на спомениците за реализација на проектот „Скопје 2014“ денеска ги отфрлија како невистинити нападите кои врз нив беа упатени деновиве и посочија  дека се работи за контра кампања.

- Ние го осмислуваме само ликовниот момент и ништо друго, затоа најостро и најенергично се огласуваме на нестручните и невештите напади врз нас и се спротиставуваме на секој обид да се девалвираат нашите дела, компетентност и труд, рече на денешната прес - конференција авторот Жарко Башески.

Тој посочи дека македонската јавност знаела оти станува збор за стручни професионалци, кои се верификувани во земјава и странство.

- Нашите дела се сериозни, издржани и естетски моќни. Тие се дел од силниот концепт за создавање и бележење на реалните вредности на оваа држава, овој народ и неговото делување на овие простори. Ќе се согласиме сите дека тоа се дела кои никој немаше доблест да ги изгради во последните 60-тина години. Зарем ние авторите сме виновни за тоа, праша Башески.

Тие велат дека се што се случува е само невешт пример за обид и внесување на негативен аспект во перцептивното поимање на проектот од страна на граѓаните. Според нив, преку овој проект главниот град ќе заличи на вистинска метропола.

Авторите најавија дека за околу еден месец треба да бидат поставени спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев, како и лавовите.
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија