Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Нимиц во Скопје со сет идеи за решение на спорот Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Понеделник, 08 Февруари 2010 12:24

Медијаторот Метју Нимиц се уште работи на заеднички прифатлив термин за посетата на регионот која ја побараа двете влади, соопшти прес службата на генералниот секретар на ОН.

Освен дека новиот сет идеи ќе треба да обезбеди враќање на преговорите во колосек, канцеларијата на Нимиц не соопшти други детали.

Дипломатите посочуваат на позициите кои двете страни ги соопштуваат крајно внимателно. Заменик министерот за надворешни работи, Димитрис Друцас, на средбите во САД инсистираше на решение кое би значело име со географска одредница за севкупна употреба.

Шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер, кој директно е инволвиран во преговарачкиот процес денеска во провладиниот „Вечер“, меѓу редови ја остава отворена можноста за промена на името на државата, ако како што вели, тоа е неопходно и ако за тоа се решат граѓаните со лично изјаснување.

Дали тоа е компромисот, кој како што тврдат европратениците Свобода и Кацин однадвор јасно се гледа, Атина и Скопје се подготвени за договор околу името на државата. Тоа, според Вашингтон и во Брисел е најважниот чекор во затварање на спорот. На сметка на македонската согласност на опсегот на употреба на новото име,

 

Грција би требала да се откаже од проблематизирање на идентитетот и јазикот и барањето за промената на уставот. Колку реални се овие најави, можеби ќе стане појасно следниот четврток, кога премиерите Папандреу и Груевски, ќе се сретнат на маргините на самитот на ЕУ за итни случаи во Брисел.


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија