Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Опозицијата повторно против проектот “Скопје 2014“ Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Недела, 07 Февруари 2010 15:10

Опозициските политички партии денес уште еднаш го критикуваа проектот „Скопје 2014“.

Против проектот „Скопје 2014“ денес излезе и претседателот на партијата „Соединети за Македонија“, Лубе Бошкоски.

“Ни се допаѓал нам или не, овој проект по ништо не се разликува од проектите за разрушениот Берлин и за комунистичкиот Букурешт. Ваков начин на изградба на монументални градби и споменици се одлика на империјализам, фашизам и комунизам. Каде вие се пронаоѓате себе си, господине Груевски“, рече Бошкоски.

Во меѓувреме и денес продолжија судирите помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во врска со проектот „Скопје 2014“.

Од ВМРО ДПМНЕ ја претставија програмата за спомениците која беше усвоена од страна на Советот на град Скопје во ноември 2004-та година, кога според ВМРО ДПМНЕ партијата на СДСМ имала мнозинство во советот.

“Во оваа програма која ја изгласа токму СДСМ, на прво место, потенцирам, на прво место стои дека треба да се изгради споменик на Александар Македонски. Понатаму следат и останати споменици кои сега се содржани во проектот “Скопје 2014“.

. Сега, СДСМ се спротивставува за споменикот на Александар Македонски и е против проектот “Скопје 2014“. СДСМ сега е против сите споменици кои ги иницираше и за кои гласаше во 2004 година“, истакна Сашо Стефановски од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ одговарајќи на изјавата на партијата на Груевски рече дека следејќи ја веќе познатата сцена, секогаш кога ВМРО ДПМНЕ се соочува со јавни протести и незадоволства поради своите мегаломани проекти, на софистициран начин се обидува да привлекува внимание  наместо до крај да ги брани своите неодговорни постапки.

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија