Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Не прифаќаме да се уриваат индивидуалните човекови права со присила и уцена Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Сабота, 06 Февруари 2010 11:58

Република Македонија од осамостојувањето до денес, историскиот контекст на непомирливоста, на разликите помеѓу балканските народи, го замени со политики на градење добрососедски односи кои почиваат на заеднички интереси и регионален развој, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во денешното обраќање на Минхенската безбедносна конференција.

Тој во својот говор посебно се задржа на наметнатиот спор за уставното име на Македонија од страна на Грција.
 
- Уште од првите денови на независноста, со наметнувањето на овој спор и последователните дејствија, како некому да му сметаше новата реалност, независна Република Македонија. Тој спор и однесувањето на нашиот сосед имаа свои импликации во процесот на меѓународното признавање и етаблирањето на нашата држава. Истиот беше проследен со негации, омаловажување, блокади и ембарга и резултираше со преседан при приемот во ОН, нагласи Иванов.

Тој потсети дека Грција спорот со името „целосно неоправдано, дури и апсурдно го претставуваше  како безбедносен проблем“.

- Тие, и тогаш, и денес, ја доведуваа во заблуда меѓународната јавност. А наводните аргументи на нашиот сосед во тој контекст беа дека имаме територијални претензии. Иако беа неосновани тие тврдења, Република Македонија, го промени Уставот за и формално да докаже дека нема територијални претензии, дури и го смени своето државно знаме. 
Со ова Република Македонија направи конкретни чекори, кои не сум сигурен дека некој друг во меѓународната заедница би ги направил, рече македонскиот претседател.
Тој нагласи дека во 1995 година двете земји потпишаа времена спогодба по што следеше нормализација на односите. Сепак, и покрај покажаната конструктивност и иницијативност на Македонија за наоѓање на решение за овој проблем, на Самитот во Букурешт 2008та, целосно спротивно на обврските од Времената спогодба, Република Грција го спречи приемот во НАТО на нашата земја.

- Ако аргументот на Грција беше дека Македонија претставува безбедносно прашање, со тоа што се вика Република Македонија, тогаш зашто Грција го спречи нашиот влез во НАТО ? Зошто Грција се осмели да прекрши меѓународен договор, Времената спогодба од 1995 и не дозволи Република Македонија да влезе во НАТО со привремената референца која се користи во ОН ? Тоа ќе беше најголемата гаранција на Грција дека Македонија не е безбедносна закана кон ниту еден сосед, истакна претедателот Иванов.

Тој потсети дека годинава се одбележуваат 10 години од Спогодбата за стабилизација и асоцијација наменета за државите од Југоисточна Европа, со цел да го трасира патот за интеграција во ЕУ. Македонија беше првата која ја потпиша оваа Спогодба.

- Десет години потоа, време е да се запрашаме до каде стигнавме со исполнувањето на обврските по основ на оваа Спогодба, од двете страни: од државите за кои беше наменета, но и од ЕУ коja ja даде таквата перспектива. Фактот дека Република Македонија беше првата земја која ја потпиша Спогодбата, која доби кандидатски статус во 2005та година, и конечно минатата година доби препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори, доволно зборува за нашата страна од равенката. Сите одложувања на интегративниот процес, во најголем дел и директно, беа за жал поврзани со политиката на блокада од нашиот јужен сосед, кој наместо тоа, по сите основи на логиката, можеше да биде главниот афирматор за македонското членство во Унијата.

Минатиов декември, и покрај позитивната препорака од ЕК со што се потврди подготвеноста и се призна прогресот на мојата земја, Грција го спречи одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Значи, втора блокада во краток временски период. Тоа ли е придонес кон европската безбедност и просперитет ? Сепак очекуваме конкретни чекори од грчата страна, кои ќе ја потврдат нивната посветеноста на агендата 2014, нагласи Иванов.

Тој констатира дека „за жал, условот кој ни е наметнат за да продолжиме по патот на нашата евроатлантска интеграција, не вклучува само одрекување од името на нашата држава, туку и одрекување од индивидуалните човекови права на македонскит граѓани, правото на човеково достоинство и правото на самоидентификација“. Иванов потсети дека според Универзалната декларација за човековите права, „сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“. Ниедна земја не смее да дозволи да се кршат правата на нејзините граѓани, од ниедна страна, ниту од внатре, ниту од надвор.  Станува збор за прашања на кои почива не само меѓународното јавно право, туку и меѓународното право за правата на човекот. Тоа е наjвисоката цел на човештвото, тоа е најсилната гаранција за да е продолжи по патот на прогресот и безбедноста.

- Република Македонија согледувајќи го сето ова, прави се, активна е и дава иницијативи да се дојде до решение. Но, не прифаќаме да се рушат индивидуалните човекови права со присила и уцена. Не прифаќаме да се рушат востановените принципи на меѓународното право, не само заради нас, туку и за опасниот домино ефект кој може да го предизвика еден непринципиелен преседан, нагласи Иванов.

 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија