Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
CooL.MK Маркетинг
Рекламирајте се на CooL-MK Маркетинг!
cool-mk.com
CooL-MK Ве поврзува со светот! Страна за дружење

Преземи RSS

 
 
 
 
 
Почувствуван земјотрес во Македонија
Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала-1998, е почувствуван попладнево во 14 часот и 38 минути во северниот дел на Република Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, информира дека епицентарот на земјотресот бил 120 километри северозападно од Скопје, а неговата јачина во жариштето изнесувала 4,8 степени според Рихтеровата скала.
 
 
 
 
 
Macedonia News на Facebook
 
 
 
 
 
Македонија останува посветена на стратешката цел – влез во НАТО и ЕУ Печати Е-пошта
Вести - Најнови Вести
Петок, 05 Февруари 2010 17:04

Република Македонија останува целосно посветена на нејзината стратешка цел, влез во НАТО и Европската унија, a оттаму и кон одржувањето на нејзиниот целосен капацитет за споделување на товарот со Алијансата согласно нејзините приоритети, изјави македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски во обраќањето на неформалниот состанок во Истанбул на министрите за одбрана на земјите од НАТО и на државите кои не се членки на Алијансата, но придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан.

Коњановски нагласи дека Македонија ќе го зајакне својот придонес во ИСАФ, што беше најавено претходно и потврдено на Конференцијата за Авганистан во Лондон.

Македонија од април оваа година ќе го зголеми придонесот во Авганистан за 50 проценти и како што најави Коњановски директно ќе придонесува кон транзицијата на безбедносната одговорност.

Македонските мировници заедно ао американската Националната гарада на Вермонт ќе бидат ангажирани во обуката и менторството на авганистанските безбедносни сили.

- Сакам да истакнам дека со ова зајакнување, македонскиот придонес кон Авганистан во кој и натаму ќе биде вклучена македонската чета за обезбедување на Командата на ИСАФ во Кабул, нашите офицери во Оперативно менторските тимови за врски и нашиот медицински персонал во рамките на Здружениот македонско-норвешки медицински хируршки тим во норвешкиот провинциски тим за реконструкција во Мејмана, ќе го достигне значајното ниво на придонес од четири проценти распоредени копнени сили од АРМ, истакна Коњановски.

Во меѓувреме, како што додаде, Македонија останува посветена на регионалната соработка, менторството и стабилноста. Тој укажа дека македонските национални центри, кои се специјално наменети за обука на сили пред упатување во мисии, им стојат на располагање на земјите од регионот и на сите НАТО партнери. Во тој контекст Коњановски ги спомена полигонот за обука Криволак и медицинскиот центар за обука пред распоредување.

- 2010 година ќе биде важна година за Авганистан  нашите денешни разговори на извесен начин ќе го постават патот во натамошните месеци. Се надевам дека 2010 ќе биде важна година и за Република Македонија. Година, во која навистина се надеваме дека ќе го добиеме местото кое вистински го заслужуваме во Алијансата на рамноправните, за да бидеме поспособни да испорачаме уште повеќе стабилност, безбедност и мир во нашиот регион и на светот во целина, нагласи Коњановски.

Неформалниот состанок во Истанбул го отвори генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, кој посочи дека по тешкотиите во 2009 година, оваа година е мошне важна и одлучувачка за Авганистан.

Тој потсети дека 36 земји, кои имаат свои мировници во ИСАФ, понудиле засилување во мисијата.

- Десетици илјади дополнителни сили во моментов се распоредени во Авганистан. Безбедностите сили бележат зголемување на бројноста и јакнење на кацитетот. Тренинг мисијата на НАТО во Авганистан работи со полна пареа. Пренесувањето на грижата за безбедноста на авганистанските власти ќе почне оваа година. Нема сомневање дека 2010 ќе биде година на предизвици, нагласи Расмусен.

Генералниот секретар на Алијансата изрази задоволство поради тоа што во синоќешната дискусија министрите постигнале согласност за пакет мерки со кои мировниците од НАТО ќе ја добијат потребната поддршка на терен и со кои ќе се спроведат останатите потребни стратешки инвестиции.

Авганистан е централна тема на неформалниот состанок во Истанбул, но министрите се осврнаа и на ситуација на Косово.


 
 
 
 
 
 

Сместување во Охрид