Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
“Скопје 2014 година Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Четврток, 04 Февруари 2010 13:59

На плоштадот "Македонија" ќе се гради црква, но не и џамија. На видео презентацијата  на проектот , “Скопје 2014 година“ презентиран од страна на општина Центар, не постоеше  земјиште за изградба на џамија.

Со планот се предвидува изградба на објект за градската администрација.     . Во проектот е предвиден и споменикот на Александар Велики, потоа на Гоце Делчев и Даме Груев, лавовите на мостовите, но нема ниту споменик или објект што ја симболизира историјата или културата на Албанците во Македонија.
 
“Скопје ќе го направиме пофункционален град, ќе го направиме побогат со содржини. Скопје ќе го направиме поатрактивен за туристите и Скопје ќе добие нов лик на европска метропола. За да го постигнеме сето тоа потребно беше да се создаде визија за идниот изглед на центарот на Скопје и да се развијат проекти за повеќе објекти кои ќе ја формираат таа архитектонско-урбанистичка целина“, истакна Тодоровиќ.
 
Во кругот на плоштадот "Македонија" ќе биде изградена фонтана, каде ќе биде поставен и споменикот на Александар Велики, качен на коњ. Пешачкиот мост “Око“ ќе води кон зградата на Уставниот суд, додека кај Државниот архив и археолошкиот музеј се очекува да бидат поставени бронзени скулптури  високи 2 метри. Фонтана ќе биде изградена и на плоштадот "Карпошово востание, спроти Камениот Мост. Фонтани ќе има во Вардар, а на уметничкиот мост, се планира поставување на фигурите на Тоше Проески, Кочо Рацин, Григор Прличев итн. Се предвидува и промена на фасадите на постоечките објекти за да се вклопат со новиот изглед на градот.

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија