Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
ВМРО - ДПМНЕ бара од СДСМ да одговори на прашањата за аферата во Министерството за одбрана Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Среда, 03 Февруари 2010 14:46

ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да одговори на поставените прашања во врска со аферата со договорите за изведување на градежни зафати, склучувани од Министерството за одбрана, во периодот кога Владо Бучковски беше министер за одбрана.

Портпарол на партијата, Александар Бичиклиски на денешната прес-конференција посочи дека Бучковски говорел за се друго освен за фактите презентирани од ВМРО-ДПМНЕ.

- Нниту Бучковски, ниту неговиот партиски шеф Црвенковски не можат да избегаат од фактот дека трите фирми кои ги добиваат тендерите од Министерството за одбрана во 2004 година се во сопственост на сопруг, сопруга и нивни близок роднина, рече Бичиклиски.

Според него, тоа е скандалозно и говори дека станува збор за однапред договорени работи.

- Бидејќи Бранко Црвенковски не одговори на нашите конкретни докази и конкретни документи, заклучуваме дека се работи за наместен тендер, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи колку од парите од овие тендери завршиле во кампањите на Бранко Црвенковски

и СДСМ.
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија