Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
САД е нашиот стратешки партнер Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Недела, 17 Мај 2009 01:00

Билатералната соработка меѓу Република Македонија и САД беа главна тема на  средба на премиерот Никола Груевски со заменик државниот секретар на САД Џејмс Стајнберг.

- Разговаравме за билатералните односи меѓу Македонија и САД и добрата соработка што ја имаме. Америка е нашиот стратешки партнер и соработката меѓу нас е одлична. САД ја поддржуваат Македонија и заеднички учествуваме во неколку меѓународни мировни мисии, а пријателството и соработката ќе ја продолжиме и понатаму, рече премиерот Груевски по средбата со Стајнберг во Скопје.

Премиерот посочи дека се надева оти долгогодишната соработка меѓу двете земји ќе резултира со полноправно членство на Македонија во НАТО.

На средбата, како што кажа Груевски, било разговарано за повеќе прашања во земјата и во регионот, а меѓу другото и за проблемот со името наметнат од Грција. Разговорите за изнаоѓање на решение, како што истакна, ќе продолжат по изборите кај јужниот сосед.

Заменик државниот секретар Стајнберг рече дека неговата посета е во функција на зајакнување и потврдување на билатерална соработка меѓу двете земји и изрази благодарност за поддршката на Македонија во мисиите во Ирак, Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина.

- Со премиерот разговаравме како да ги надминеме разликите кои постојат и да ја осигураме економската и политичката иднина на Македонија, изјави заменик државниот секретар на САД.

 На новинарско прашање  дали посетата на Скопје е дел од обновениот интерес на САД за решевање на прашањето поврзано со името и дали има некакви директни пораки за надминување на спорот, Стајнберг истакна дека САД ги поддржуваат напорите на медијаторот Метју Нимиц за да им помогне на Македонија и Грција да стигнат до заедничко прифатливо решение.

Нашата главна улога е да го поддржуваме процесот и да ги охрабруваме двете страни за да дојдат до заедничко разрешување на проблемот, изјави тој.

Попладнево заменик државниот секретар на САД Џејмс Стајнберг беше примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија