Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Матурска парада 2009 Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Петок, 15 Мај 2009 13:51

Околу илјада матуранти од сите средни училишта во Скопје точно напладне танцуваа на плоштадот „Пела“, учествувајќи истовремено со своите врсници од уште шест земји во Матурската парада 2009.

Квадрилот на Штраусовата опера „Лилјакот“ го играа заедно со матурантите од околу 40 градови во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Бугарија.

- Скопје покажа дека  е дел од една голема културна манифестација која,  се надеваме, догодина ќе биде уште помасовна, изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој им ја честиташе матурата и им  посака среќна иднина, труд и успех, со кои, како што рече, ќе и помогнат на Македонија во нејзиниот развој. 

Покрај во главниот град, матурски танц денеска имаше и во Струмица, Велес, Охрид, Радовиш и во Валандово.

Матурантите ги поздрави и евроамбасадорот Ерван Фуере, кој им посака весел живот како денешниот ден.  

Манифестацијата е иницирана во 2001 година од Словенецот Томаж Амброж и неговата танц-школа „Уршка“. Покрај забава и новина во одбележувањето на матурата, таа е и трка за Гинисов рекорд во синхронизирано танцување. Бројот на танчери се зголемува секоја година и минатата достигна 27.040 младинци.

За да се исполни условот за истовремена игра, Македонското радио - Радио Скопје сателитски ја презеде музиката од Радио Сло Вал 202.

 

Организатори на Матурската парада во Македонија се Дирекцијата за култура и уметност - Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус“.

Покровител на настанот е Агенцијата за млади и спорт.

 


 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија