|
 Претседателот Ѓорѓе Иванов, придружуван од премиерот Никола Груевски, по средбата со Хавиер Солана во Брисел демонстрираше помек став за можностите за компромис со Грција во спорот со името. Прашан директно дали неговиот став за разумно решение, значи принципот на двојната формула зад кој стои Владата, Иванов реше дека се отворени сите опции кои нема да бидат на штета на идентитетот. „Во текот на целата моја изборна кампања, дека кога ќе бидам избран за претседател, ќе бидам подготвен да најдеме компромис. Не каков било компромис, туку разумен компромис. Компромис кој нема да биде на штета на нашите национални интереси. Како што знам, предлогот за двојна формула, беше во 2004. или 2005. година во преговарачкиот процес, и тој беше отфрлан од грчка стран“, изјави Иванов Хавиер Солана истакна дека фактот што првата посета на Иванов по преземањето на должноста е во ЕУ и НАТО, е јасен доказ за вистинските приоритети на земјата. „ Македонија, направи многу големи и силни напори за да се приближи до членство на ЕУ. Вие го завршивте на еден начин институционалниот дел и сега треба да се почне со делот за преговорите. Вие не сте далеку од станување на членка. Вие сте европска земја и вашето место е во ЕУ“ изјави Солана Претходно, претседателот Иванов и премиерот Груевски имаа средба со белгискиот премиер Херман Ван Ромпеи. Вечерва во чест на високата македонска делегација холандскиот амбасадор при НАТО организира коктел на кој се поканети голем број амбасадори од НАТО. Премиерот Никола Груевски утре од Брисел ќе отпатува во Париз на средба со францускиот претседател Никола Саркози.
Претседателот Ѓорге Иванов, како што е предвидено според агендата утре ќе биде примен од белгискиот крал Алберт Втори, а ќе се сретне и со претседателот на Сенатот на Белгија Арманд де Декер.
|