Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Негативен резултатот од првиот сомнителен случај Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Четврток, 02 Јули 2009 10:55

 Негативен е резултатот на четиригодишното дете кое беше примено на Инфективната клиника во Скопје како прв високосомнителен случај на новиот тип грип А (Х1Н1).

Во писменото известување од референтната лабораторија на Светската здравствена организација во Лондон се вели дека  „направената анализа укажува дека детето боледува од обичен сезонски грип, додека во примерокот не е најдено присуство на вирус на инфлуенца А (Х1Н1)“.

Во моментот, како што соопшти Министерството за здравство, се чекаат резултатите за уште шест лица, кои беа примени на Инфективната клиника во Скопје со симптоми од грип.

Претходно, Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести заклучно со денеска се хоспитализирани шест лица сомнителни за новиот грип тип А (H1N1), а на пат кон Клиниката е и лице, државјанин на Србија, кој престојувал во Грција и во текот на вчерашниот ден пристигнал на гости во Пехчево. Клиниката ги презема потребните мерки за негово прифаќање.

Комисијата за заразни болести денеска одржа редовна работна средба на која стана збор за актуелната состојба со новиот грип тип А (H1N1), во светски рамки, како и состојбата во државата, при што беше заклучено дека и во Македонија се зголемува бројот на лица со симптоми на новиот вирус, што се очекуваше поради зачестените патувања во летниот период.

Од Институтот за јавно здравје, како што се наведува, беше соопштено дека за сите сомнителни случаи се испратени анализи за верификација во референтната лабораторија во Лондон и се очекуваат резултатите.

 

Комисијата на средбата донесе заклучоци, според кои, во овој момент сите сомнителни случаи ќе се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а во исто време продолжуваат активностите за подобра подготвеност на инфективните одделенија во општите болници, во случај на зголемен број заболени лица во државата.

 

Сите здравствени установи во текот на летните месеци треба да изготват детален план за обезбедување континуирано присуство на медицински кадар за време на годишните одмори, во случај на зголемен број заболени пациенти. При зголемен број сомнителни случаи треба да се почитува протоколот за лекување, изготвен од Клиниката за инфективни болести, при што случаите со тешка клиничка слика и хронично болни лица да се лекуваат во болнички услови, додека тие со полесна симптоматологија лекувањето да го продолжат во домашни услови, под надзор на инфектолог и епидемиолог.

Во заклучоците на Комисијата се наведува дека треба да продолжи континуираната соработка со Центарот за управување со кризи и во наредниот период да се организира заеднички состанок, а Министерството за здравство да продолжи со континуирано информирање на населението, со цел нивна едукација за преземање превентивни мерки за лична хигиена и избегнување контакти со заболен, како потребата од соодветно и навремено лекување при појава на симптоми.

Треба да се промовира постоењето на отворениот телефон, наменет за информирање на граѓаните (02/3122-499) и да се објават информативни флаери, брошури и слично во печатените и во електронските медиуми. Комисијата за заразни болести и во иднина ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата со новиот тип на вирус во државата и во светот, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија