Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Бучковски приложи документи за случајот со министерот Маневски Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Четврток, 02 Јули 2009 10:49

Пратеникот Владо Бучковски му ги предаде денеска на јавниот обвинител Љупчо Шврговски доказите за двојната плата која неколку месеци ја земал министерот за правда Михајло Маневски.

И плата и пензија земале и пратениците Андов и Дулиќ, но тие тврдат оти навреме реагирале кај надлежните органи

Пратеникот на СДСМ Владо Бучковски денеска до Јавното обвинителство достави докази, со кои, според него, се потврдува дека министерот за правда Михајло Маневски во првите четири месеци годинава примал и плата и пензија. Според Бучковски оваа афера на министерот Маневски најмалку треба да заврши со политичка одговорност, бидејќи како што истакна Бучковски, ако Маневски како министер за правда не ги почитува законите тогаш не може да се зборува за функционирање на правната држава.

„Уверен сум дека Јавното обвинителство сериозно ќе пристапи кон разгледување на понудените документи, убеден сум оваа афера треба пред се да заврши со политичка одговорност на најповиканиот, а тоа е министерот за правда. Ако министерот за правда или како што јас викам за неправда промовира непочитување на законите тогаш како ќе говориме за функционирање на правната дсржава“ изјави Бучковски.

„Јас не знам што господинот Бучковски доставил до Јавниот обвинител, но очигледно господинот Бучковски не знам од кои мотиви постапува, но очигледно е дека неосновано сака да манипулира и да дискредитира.

Не сум го оштетил фондот со ништо мислам дека не може да поднесе ништо што би било на моја штета заради тоа што јас и тоа што ми следувало во 2007 и 2008 година не сум го добил“ рече министерот  Маневски.

 

Министерот Маневски не е единствениот случај , кој освен плата си добил и пензија. И двајцата пратеници, Стојан Андов и Благородна Дулиќ, исто така добивале и плата и пензија, но тврдат дека тоа се случувало спротивно на нивните барања и реакции.

Постапував токму така како што ми објаснуваа и од мене бара стручните служби на Собранието и на фондот бидејќи ме убедуваа дека по постојниот закон тоа не стои изричито за оние кои се  веќе во пензија и работат туку за оние кои ќе се пензионираат“ рече Андов.

Според генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски парламентот нема законска обврска да води евиденција кој пратеник истовремено зема плата и пензија. Иако одговорноста за овој случај ја насочуваат кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување оттаму  пак, не сакат да коментираат ништо за конкретниот случај.

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија