Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Шарл Азнавур во Македонија Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Четврток, 02 Јули 2009 07:31

Легендата на светската музика и филм, славниот француски шансониер  Шарл Азнавур денеска ќе допатува во Македонија.

По пристигнувањето тој ќе биде гостин на „Пивара“ Скопје,  каде што ќе му биде предадено јубилејно пиво. Поводот е што и Азнавур и  брендот „Скопско“ одбележуваат 85 години.

Попладнево Азнавур ќе биде примен од премиерот Никола Груевски, а на средбата, како што соопшти владината прес-служба, ќе присуствуваат и министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска и амбасадорот на Француската Република во Македонија Бернард Валеро.

Во рамки на посетата вечер во Кинотеката на Македонија францускиот шансониер ќе биде прогласен за почесен професор (doctor honoris causa) на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк.

 

На свеченоста ќе биде промовирано и ексклузивното издание на неговите песни „Интимна антологија“. Досега тие се преведни на голем број светски јазици, а кај нас првпат се препеани и преведни од  Маргарита Терезијан-Маленкова и Лилјана Котевска-Плевнеш. 

Беседа за творештвото на Азнавур ќе одржи ректорот на Универзитетот Јордан Плевнеш, а во музичкиот дел ќе настапат Зоран Џорлев и групата „Фолтин“.

Шарл Азнавур задутре во Античкиот театар во Охрид ќе го затвори вториот Фестивал на францускиот филм, кој ќе му врачи „Златна маска“  за  животно дело.
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија