Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Милошоски и Коњановски во Брисел на состанок на Северноатланскиот совет Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Среда, 01 Јули 2009 10:39

Северноатланскиот Совет на НАТО денеска во седиштето на Алијансата во Брисел одржа состанок, на кој се разгледуваше Извештајот за напредокот на Македонија во рамките на десеттиот циклус на МАП.

Македонската делегација беше предводена од министрите за надворешни работи и одбрана, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски.
           
“На состанокот со кој претседаваше заменик-Генералниот секретар на НАТО, Клаудио Бисоњеро, амбасадорите на земјите членки изразија задоволство од напредокот и постигнатите резултати во реформите на полето на одбраната, но и во останатите сегменти од општествено-политичкото живеење во Македонија.

Како особено позитивен беше оценет нашиот ангажман во мировните операции на НАТО, особено засилувањето на контингентот македонски војници во мисијата ИСАФ во Авганистан, регионалната соработка, успешно спроведените претседателски и локални избори, справувањето со организираниот криминал и корупцијата, процесот на децентрализација и имплементацијата на охридскиот рамковен договор“, соопшти министерството за надворешни работи

Министрите Милошоски и Коњановски оствариле и одделна средба со заменикот-генерален секретар на НАТО, Клаудио Бисоњеро, на која биле дискутирани теми од заеднички интерес на Македонија и на Алијансата, во правец на натамошно унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка.

 

 

 

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија