Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Боцевски поднесе неотповиклива оставка Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Вторник, 30 Јуни 2009 11:50

Вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски поднесе оставка со образложение дека неговиот придонес во Владата бил исцрпен.

„Секоја генерација има своја битка за Македонија, а на мојата генерација и припаѓа обврската да се избори за европска и евро-атлантска Македонија. Јас ја имав должноста да бидам предводник на овој генерациски проект во Вашата Влада, што за мене претставуваше врвен патриотски чин.

Сепак, мојот придонес во актуелната Влада веќе е целосно исцрпен и затоа Ве известувам дека денеска поднесувам неотповиклива оставка на функцијата заменик на претседателот на Владата на Република„ се вели во текстот на оставката на Боцевски.

Неочекуваната оставка на вицепремиерот Боцевски предизвика и први реакции од политичките партии. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Боцевски поденсол оставка поради лични причини.
„Длабоко ги разбираме и почитуваме личните причини за поднесување на оставката на заменик претседателот на Владата, Ивица Боцевски. Задоволни сме и му благодариме за досегашната соработка останува во наредниот период да соработуваме на други различни различни нивоа на кои можеме да соработуваме“ изјави Димовски.

Цветанка Иванова, координатор на пратеничката група на СДСМ рече дека фактот што три години по ред Македонија добива негативни оценки од Брисел што се однесува на напредокот на земјата кон европските интеграции и неисполнувањето на критериумите поради кои сеуште не се сме добиле датум за започнување на преговорите со ЕУ, се причини што вицепримерот Боцевски поднесол оставка.

„Значи ли дека со ова тој денеска практично ја признава неуспешната политика на Република Македонија, на владата предводена од Никола Груевски на евроинтегративните процеси и значи дека веќе ја остава одговорноста на Никола Груевски и тој сака сам да се амнестира“ праша Иванова.

Ивица Боцевски пред да стане вицепремиер за европски прашања беше портпарол на Влада додека во владеењето на социјалдемократите беше шеф на кабинетот на вицепремиерот Минчо Јорданов.  Задачите на вицеппремиерот за европски прашања, привремено ќе ги изврши државниот сектретар именуван во секретаријатот за европски прашања, Перо Димшовски.

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија