Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Оценки за Македонија според ПАРП процената од НАТО Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Вторник, 30 Јуни 2009 11:39

Македонија со одлични оценки според ПАРП процената од НАТО за своето работење во областа на одбранат за оваа година од НАТО.

И со оваа оценка Алијансата уште еднаш јасно и недвосмислено оценува дека Македонија ги има подготвено своите институции за целосна интеграција во НАТО, рече денеска првиот човек на одбрана, министерот Зоран Коњановски.

Тој рече дека оваа проценка е уште еден одличен доказ дека земјава ги применува истите стандарди и методологија во одбранбеното планирање исто како и земјите членки на НАТО.

“Анализата и проценката за одбраната на Република Македонија од страна на НАТО, позната како ПРП проценка е уште еден јасен доказ, дека Република Македонија посветено работи на интегрирањето во НАТО.

Дека членството во НАТО и понатаму останува врвниот приоритет на министерството за одбрана односно Владата“, истакна Коњановски.

Резимето од процената ќе биде инкорпорирано во Извештајот на воената алијанса  за учеството на Македонија во акциониот план 2008 – 2009 година.

Во однос на намалување  воениот буџет за оваа година, министерот рече дека буџетот бил намален за 18 проценти, но, има земји во Алијансата во кои тоа намалување се движи од 30 до 40 отсто.

Коњановски најави дека дел од хеликоптерите за две до три недели ќе отидат на ремонт, откако ќе биде склучен договор со фирма овластен сервисер за генерален ремонт на леталата. Инаку, од 2004 година нема одобрено овластен сервисер.
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија