Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Сомнителен случај на „свински грип“ во Битола Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Вторник, 30 Јуни 2009 11:34

Последниот сомнителен случај на вирусот Х1Н1 е една стара жена од Битола, која две недели престојувала во Германија.

Ден по нејзиното пристигнување во Битола таа е пренесена во здравствениот центар на овој град, а потоа е пренесена во Инфективната клиника во Скопје.

„Клиничката симптоматологија на жената се развила еден ден по пристигнувањето во Македонија.

 Таа во Германија престојувала две недели. Очекуваме во следните неколку часа да ги имаме првичните резултати од тестот во лабораторијата на Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ). Се прават и потврдни тестови. И кај лицата кај кои е завршена редовна дијагностика повторно вршиме контроли и проверки на се што е направено, истакна д-р Ѕвонко Миленковиќ, директор на Инфективната клиника.

Во врска со двете деца од Прилеп, дојдени од Австралија, затоа дали се заразени од вирусот Х1Н1, директорот Миленковиќ рече дека нивната здравствена состојба е стабилна.
Но, според него, конечните резултати се очекуваат во текот на наредните денови кога ќе бидат донесени од лабораторијата од Лондон. Министерот за здравство Бујар Османи рече дека и покрај зголемување на бројот на нови случаи на заразени од вирусот не може да се наредува ограничувањата при патувања или затварање на граничните премини.

„СЗО не препорачува рестрикции при патувања или затварање на граничните премини бидејќи тоа не е мерка со која може да се спречи проширувањето на вирусот.

Тоа може да предизвикува само хаос во нормалниот живот на луѓето и не можеме да им препорачаме на луѓето да не одат на одмор, или пак, да не се вратат таму каде живеат. Ова значи дека бројот на новите заразени ќе се зголеми со нивното доаѓање во Македонија. Но, ние сме подготвени и за поголем број на случаи и ќе одговориме како што сме одговориле досега“ рече Османи.

Министерот Османи уште еднаш ги повикува граѓаните за секој сомнителен симптом да го посетат матичниот лекар или Заводот за здравствена заштита.

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија