Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Пристигна апарат за брзо откривање на грипот А Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Понеделник, 29 Јуни 2009 23:34

Додека се очекуваат резултатите дали четиригодишното дете кое во петокот беше хоспитализирано на клиниката за инфективни болести има грип А од поттипот Х1Н1, во државава пристигна апаратот „Real time PCR“ со кој ќе може да брзо и ефикасно да се индентификува новиот грип.

Лекарите откако ќе земат примероци од случаите за кои се сомневаат дека се заболени од новиот грип, ќе може по брза постапка и во кус временски период да добијат првични резултати.

Директорот на Републичкиот завод за здравствена заштита Азис Положани вели дека освен анализиата во државата, земените примероци повторно ќе се препраќаат и во лабoраторијата во Лондон за да се избегнат евентуалните грешки.

„Материјалот што ние вчера го изолиравме го испративме и на дополнителна сигурносна проверка и во лабораторијата во Софија. Во иднина сигурно дека со овој апарат ќе бидеме во можност да ги определеуваме сите типови на инфлуенца А, како и сите поттипови како Х1Н1. Но, за потврда на истиот и крајниот збор ќе мора да го кажат од лабараторијата во Лондон“ вели Положани.

Од клиниката за инфективни болести велат дека место за паника нема, иако поради годишните летни одмори не ја исклучуваат можноста од епидемија во државава.

„Не можеме да кажеме дека болеста нема да се појави во поголем број, наспроти тоа очекуваме дека ќе се зголемува. Но, нашите обиди во овој момент се насочени на следна фаза на мерки како ублажување на последиците од овие вируси“ рече Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни болести.
 

Инаку резултатите дали четиригодишното дете боледува од новиот грип се очекуваат до крајот на неделава. До тогаш на сите кои биле во контакт со заболеното дете им се дава терапија за превентива.

„Вчера во Прилеп уште еднаш беше направена дезинфекција на хотелот и на просториите во Здравствените установи каде што престојувале заболените. Исто така на лицата и на семејствата кои биле во контакт со детето и неговата мајка им е дадена хемиопрофилакса и тамифлу. Редовна терапија со тамифлу примаат бабата и седумгодишното братче на хоспитализираното братче“ изјави Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести

Од Републичкиот завод за здравствена заштита упатуваат препораки до  граѓаните што почесто да ги мијат рацете, но и да се избегнува контакт со лица кои киваат кашлат или имаат симптоми на грип.

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија