Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Рамковниот е мртов само кога ДПА е во опозиција Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Понеделник, 29 Јуни 2009 23:29

Вицепремиерот Адеми, евроамбасадорот Фуере и дел од домашните политички аналитичари проценуваат дека во Македонија нема потреба од нов договор кој би го заменил Охридскиот.

За тоа вчера се заложи лидерот на ДПА Мендух Тачи. Според нив, потребно е целосно спроведување на договорот од 2001 година, а за аналитичарите, потегот на Тачи е само обид за спасување на ДПА, за која велат – била партија пред стечај.

Кога ДПА е на власт тогаш Охридскиот договор е добар за Албанците, но кога ова партија е во опозиција, тогаш тој е мртов и не се спроведува. Вака за Алсат денеска изјави вицепремиерот одговорен за имплементација на овој договор, Абдулаќим Адеми, коментирајќи ја изјавата што вчера ја даде лидерот на ДПА Мендух Тачи. Тој Охридскиот договор го прогласи за мртов.

„Вакви изјави сме имале можност да чуеме и порано, особено во периодите кога ДПА беше во опозиција. Кога таа е на власт има сосема други изјави, односно дека Охридскиот договор функционира, дека Охридскиот договор е добар за Македонија итн. Јас мислам дека пристапот на Република Македонија е дека овој документ е меѓународен документ и оти целосно треба да се спроведе, бидејќи ја стабилизираше Македонија, ја унапреди правната и политичката положба на Албанците и на другите во Република Македонија“ вели Адеми.

На иста линија со Адеми денеска беше и евроамбасадорот, Ерван Фуере. Тој од Охрид изјави дека нема потреба од нов договор како што предлага ДПА.

 

 „Нема потреба од нов договор особено кога знаеме дека постоечкиот кој го имаме даде огромен придонес за политичката стабилност и е заслужен за добивање на кандидатсиот статус во 2005 година. Верувам дека во интерес на државата е да се фокусира на Охридскиот договор и да обезбеди ефективно спроведување на тоа што е таму наведено, особено во оние делови каде што имаше некои слабости“ изјави Фуере

Политичкиот аналитичар Имер Исмаили смета дека Тачи се обидува да привлече внимание кај јавноста и да има политичка придобивка, бидејќи, според Исмаили, ДПА е партија која се наоѓа пред стечај.

„Моето мислење врз основа на тоа и познавајќи го политичкото минато на господинот Тачи и партијата што тој ја претставува, сето тоа е само да се привлече вниманието на јавноста, бидејќи таа е партија пред стечај и од партија која де факто нема што да ù понуди на албанската јавност и на албанскиот народ, тие сега секако играат на картата дека имајќи во предвид дека навистина има застој во спроведувањето на Охридскиот договор, да придобие политички поени. Така што сето ова за мене не е загрижувачко, туку повеќе е смешно, отколку што е за некого да го загрижи“ смета Исмаили.

Мендух Тачи вчера во интервју за радиото “Слободна Европа“ меѓу другото рече дека Охридскиот договор е мртов и оти доколку актуалната политика во државава продолжи, ќе има потреба за формирање нова држава во Македонија.


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија