Починаа и двајцата повредени во пукањето што се случи во скопската населба Аеродром. Неофицијалните информации говорат дека напаѓачот бил уапсен на патот Скопје – Велес во автомобил марка “”BMW””. Убиените, според непотврдени информации биле припадници на МВР, а меѓу нив бил и близок роднина на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски. Непознато лице вечерва околу 20 часот, со калашников пукаше кон три лица кои седеле на заедничка маса со девојка во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во трговскиот центар „Три бисери“ во скопската населба Аеродром. Откако го извршил убиството, непознатиот сторител, кој спред очевидците бил средовечен маж, ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил и заминал во непознат правец. |
|
Читај повеќе... |