Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Рибокрадците удрија по крапот и јагулите
Вести - Македонија
Вторник, 27 Јули 2010 12:03

Нов  начин за уништување на рибниот фонд се појавува во Охридското езеро. 

Спортските риболовци тврдат дека во езерото се случува масовна појава на уништување на крапот и јагулата и тоа со помош на подводни пушки и пиштоли односно со харпуни кои кај нас се забранети за употреба.

Забележале неколку капитални примероци на крап оваа недела кои биле исфрлени на брегот на езерот.

"Несовесните риболовци кои поседуваат подводни пушки и пиштоли со нуркачки одела влегуваат со светло навечер и пукаат во рибата. Ја прободуваат со копје и ја вадат..." Радован Димитриевски СРК Свети Апостол Петар

Од надлежните државни институции, спортските риболовци бараат под итно да се реагира. Кажуваат дека подводните пушки и пиштоли ги има во слободна продажба, а голем дел од нив се набавувале од Бугарија, Турција и Грција.

Повеќе...
 
Правобранителот знае за полицискиот ќотек врз Душко
Вести - Македонија
Вторник, 27 Јули 2010 10:11
Во канцеларијата на Народниот правобранител знаат дека инспектор од СВР Битола го тепал Душко Илиевски додека бил приведен во полициската станица.
За ќотекот со кој полицаецот го принудувал како што вчера тврдеше Душко да потпише признание дека на нивата одгледува марихуана, од канцеларијата на правобранителот разбрале лично од фармерот кога го посетиле додека бил во истражниот затвор.

“Сеуште чекаме одговор од полицијата. Ако не не информираат ќе испратиме ургенција до МВР“ велат од канцеларијата на народниот правобранител. 
И додека правобранителот чека одговор од полицијата, портпаролот на СВР Битола ја демантира изјавата на Душко Илиевски.
“Со столица ме удри Вангел инспекторот“ сведочеше Душко Илиевски 

“Тоа е трагично за нашиот демократски систем, трагично е во водење на кривична постапка да се изнудува признание. Тоа за нас е веќе фрлено во буништата, тоа е едно минато време кога се изнудуваа искази“, рече адвокатот Ѓоргиев.
 
Повеќе...
 
47 Години од катастофалниот земјотрес во Скопје (26.07.1963 - 26.07.2010 )
Вести - Македонија
Понеделник, 26 Јули 2010 12:42

На денешен ден пред 47 години, поточно на 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000 објекти. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.
По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Во прилог следат првите фотографии од познатото списание „LIFE“, како и првото видео во кои светската јавност се запозна со овој катастрофален земјотрес.
Повеќе...
 
СДСМ обвинува за упад во СРД, ВМРО негира
Вести - Македонија
Понеделник, 26 Јули 2010 12:34

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разменија обвинувања во врска со назначувањето на двајца нови членови во Советот за радиодифузија Борис Арсов и Алма Машовиќ.

Партијата на  Црвенковски смета дека предлог одлуката е незаконска, бидејќи е прекршена процедурата  за нивен избор.

„Во сите извештаи на Европската Комисија во изминативе четири години без исклучок се нотирани негативни забелешки за односот на власта кон медиумите.

Наместо да ги поправи состојбите и да работи на унапредување на независноста на медиумите, денес ВМРО-ДПМНЕ направи груб упад во независно регулаторно тело како што е Советот за радиодифузија.

Очигледно за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не постои ниту закон, ниту процедура, за нив е најважно да инсталира партиски војници во Советот за радиодифузија“ рече Емилијан Станковиќ, пратеник СДСМ

Но, од партијата на Груевски ги отфрлија обвинувања на СДСМ .ВМРО-ДПМНЕ рече дека го разбира гневот на социјаледемократите  бидејќи истекол  мандатот на нивните  кандидати.

“Тоа што секогаш кога Собранието избира членови на одредени тела, а надлежна е Комисијата за прашања на изборите и именувањата, никогаш нема јавен оглас е затоа што тоа воопшто не е предвидено со законот. Во законот е предвидено јавен повик, што е многу различно.

Повеќе...
 
Претседателот Иванов се сретна со иселениците во Швајцарија
Вести - Македонија
Понеделник, 26 Јули 2010 12:20

Претседателот Ѓорге Иванов денеска со средба со македонските иселеници во Берн ја започна дводневната официјална посета на Швајцарската Конфедерација во рамките на која утре ќе се сретне со неговата швајцарска колешка Дорис Лојтхард.

На средбата  на која присуствувал и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, Претседателот Иванов ги повика македонските иселеници да вложат во Македонија преку отворање мешовити македонско-швајцарски фирми и им порача дека во нивната татковина се прави се за да се креира поволна бизис клима.
Тој им ги претстави сите реформи што беа спроведени за подобрување на бизнис климата  со кои земјата беше рангирана како трет најголем реформатор во светот од страна на Светска банка и им порача дека вратите на Македонија секогаш се отворени за иселениците кои, како што рече, треба да ги искористат поволностите  што се нудат во слободните економски зони.
- Вие придонесувате за јакнењето на одличните билатерални односи меѓу Македонија и Швајцарија, земја со која немаме отворени прашања и која многу пати досега ни помогнала, рече претседателот Иванов, нагласувајќи дека е  потребно да се зголеми економската сорабтка меѓу двете земји.
Министерот Милошоски истакна дека Македонија и Швајцарија имаат многу добри односи.
-Со Швајцарија, земјата во која има над 60.000 македонски иселеници, не поврзуваат многу блиски односи. Вашето влијание на односите е многу битно. Република Македонија посветено работи на неколку пункта, а еден од нив е зајакнувањето на дијаспората преку овозможувањето да гласа на изборите во матичната држава Македонија, рече Милошоски.
Тој посочи дека секој од македонските иселеници претставува своевиден амбасадор на Македонија во Швајцарија и придонесува за угледот на матичната земја.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 139
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија