|
Времето утре ќе биде проследено со врнежи од снег, а во пониските делови со дожд и снег |
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Вторник, 09 Март 2010 13:30 |
|
Времето утре ќе биде проследено со врнежи претежно од снег, а во некои пониски места повремено ќе бидат од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи се очекуваат во западните и јужните делови на земјава. Ќе дува засилен повремено и силен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 90км/ч. До недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а само снег на повисоките места и планините.
|