|
Не престануваат меѓусебните препукување на двете најголеми политички партии во земјава. |
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Петок, 05 Март 2010 11:51 |
|
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска ги продолжиja преписките преку одвоени прес конференции. Владеjачката партија се осврна на посетата на лидерот на опозицијата на Старата скопска чаршија. Според нив згаснувањето на чаршијата почнало со СДСМ и Бранко Црвенковски. Портпаролот Бичиклиски,изјави оти влошувањето на соживотот во Старата скопска чаршија почнало со Црвенковски и СДСМ, кои, како што рече, не инвестирале ниту денар за развојот на чаршијата. “СДСМ и Бранко Црвенковски ги тепаа граѓаните од Старата скопска чаршија“, рече Бичиклиски и додаде дека насилството и нарушувањето на меѓучовечките односи е единствениот влог на Црвенковски и СДСМ за оваа чаршија и соживотот на граѓаните, прикажувајки притоа видео матерјал со настаните од 1993 година.
“Со СДСМ и Бракно Црвенковски започна згаснувањето на Старата скопска чаршија. Со СДСМ и Бранко Црвенковски започна влошувањето на соживотот во Старата скопска чаршија. СДСМ и Бранко Црвенковски не инвестираа ниту еден денар за развојот на ова место. СДСМ и Бранко Црвенковски ги тепаа граѓаните од Старата скопска чаршија. Бранко Црвенковски тогаш брутално ги тепаше граѓаните со полициска сила. Бранко Црвенковски е непоправлив“, рече Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
|