|
Стевчо Јакимовски склучил договор за концесија со непостоечка фирма |
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Среда, 03 Март 2010 13:12 |
ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски дека како министер за економија во владата на СДСМ склучил договор за концесија со непостоечка фирма.
- ВМРО-ДПМНЕ вчера презентира документ во кој може да се види дека во 2004 година, Стевчо Јакимовски како министер за економија во владата на СДСМ склучува анекс на договор за концесија на минерални суровини- јаглен -лигнит на лежиштето Пискупштина, Струга со фирмата Дримкол Лигнит- увоз извоз д.о.о, рече на денешната прес-конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Стефаноски.
Тој додаде дека изразуваат основано сомневање дека оваа фирма е непостоечка и побара од Јакимовски наместо да упатува неиздржани политички закани, аргументирано да дебатира.
Стефановски покажа пресуда донесена од основниот суд Струга во која се тврди дека содружниците на истата фирма, Друштвото за трговија на големо и мало, производството и услуги Дримкол Лигнит- увоз извоз д.о.о., не се стекнале со право на основачи-содружници на оваа фирма.
- Ништовен е уписот во регистарската влошка на основниот суд, со што практично се докажува дека регистрацијата на фирмата Дримкол Лигнит- увоз извоз д.о.о е непостоечка, рече тој.
Сомневања, како што додаде Стефановски, за овој нов сомнителен договор потпишан од Стевчо Јакимовски ги базираат врз конкретни и официјални документи.
Тој го праша Стевчо Јакимовски зошто потпишал договор за концесија со фирма која е непостоечка.
|