|
Се договара датум за посетата на Нимиц |
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Понеделник, 08 Февруари 2010 19:07 |
Од Министерството за надворешни работи во Скопје денеска соопштија дека во меѓусебни консултации со посредникот за разликите околу името со Грција, Метју Нимиц начелно за средба е договорен 25 февруари. Тогаш медијаторот треба да дојде во Скопје, а засега нема информации кога ќе ја посети Атина. Портпаролката на Обединетите нации, Ванеса Маестрачи, соопшти денеска дека амбасадорот Нимиц работи на усогласување заеднички прифатлив датум за посета на регионот.
|