Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид
CooL.MK Маркетинг
Рекламирајте се на CooL-MK Маркетинг!

Преземи RSS

 
 
 
 
 
Почувствуван земјотрес во Македонија
Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала-1998, е почувствуван попладнево во 14 часот и 38 минути во северниот дел на Република Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, информира дека епицентарот на земјотресот бил 120 километри северозападно од Скопје, а неговата јачина во жариштето изнесувала 4,8 степени според Рихтеровата скала.
 
 
 
 
 
Macedonia News на Facebook
 
 
 
 
 
ЕДНОГОДИШНО БЕБЕ ОД ПРИЛЕП СО СИМТПОМИ НА ГРИП Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Среда, 01 Јули 2009 17:50
Едногодишно дете ноќеска од Прилеп е упатено на Инфективната клиника во Скопје со зголемена телесна температура, црвенило и дијареја. 

- Синоќа кога требаше и едногодшното дете да добие од лекот тамифлу ги забележавме симптомите. Околу 23 часот го испративме на Инфективната клиника во Скопје, изјави Гоце Ингилизов, директор на Заводот за здравствена заштита во Прилеп.

Детето е во групата од осум луѓе кои заедно со 15 годишникот кај кого веќе е констатиран грип од типот А, пристигнаа во Прилеп од Канбера, Австралија.

Ингилизов информира дека превентивна доза од лекот тамифлу освен групата од осум луѓе од Австралија, добија и 22 лица, роднини од двете фамилии каде што пристигнаа гостите во Прилеп.

- Тоа значи дека лекот досега го примија 37 луѓе. Од нив 15 се од првиот сомнителен случај, сите кои биле во контакт со четиригодишното дете од Австралија меѓу кои и пет здравствени работници, а 22 луѓе биле во контакт со 15-годишното момче кое завчера од Канбера пристигна со симптоми на грип, посочи Ингилизов.

Тој додаде дека останатите третирани со лекот засега не покажуваат симптоми на настинка. Во изолација во соба од прилепскиот хотел се уште се бабата и братчето на четиригодишното дете, но тие немаат никакви симптоми. На роднините на 15-годишното момче им е препорачано да не контактираат со никого.
 
 
 
 
 
 

Сместување во Охрид