Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста

Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста 

Македонија е ценет партнер на Соединетите Држави, и ние го вреднуваме македонскиот придонес кон светската безбедност, пишува претседателот на САД Барак Обама во својата честитика до граѓаните на Македонија по повод 8-ми септември Денот на независноста испратена до претседателот Ѓорѓе Иванов. “Ја поддржуваме Македонија која продолжува на реформскиот пат и се движи кон интеграција во евро-атланските институции. Верувам дека нашето партнерство дополнително ќе се засили и продлабочи како што ја продолжуваме нашата соработка за да оствариме толеранција, мир и просперитет за да го унапредиме човековото достоинство“, се вели во честитката од Обама. Честитка по повод државниот празник испратил и германскиот…

 	 Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија

Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија 

Денот на независноста денеска беше прославен и меѓу Македонците во Пустец, Албанија. Големиот државен празник беше одбележан со песни и ора во рамките на фолклорниот фестивал “Преспа 2010“ и во присуство на премиерот Никола Груевски. Груевски претходно се сретна со градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и претставници на македонската заедница во Албанија. Груевски по средбата истакна дека Македонците од Албанија и Албанците во Македонија можат да бидат добар мост за зајакнување на односите меѓу двете земји. „Имајте предвид дека секогаш кога ќе процениме дека на било кој начин можеме да помогнеме, во владата на Република Македонија и во мене лично…

Штипјанец блудничел врз осмоодделенки

Штипјанец блудничел врз осмоодделенки 

 Шеесет и петгодишниот штипјанец Т.Г е осомничен дена извршил полов напад врз две малолетни девојчиња.Кривичното дело го извршил во текот на април и мај годинава  кога успеал да обезбеди телефонски  броеви на двете девојчиња, кои биле осмооделенки и договорил средба на штипскиот плоштад од каде ги зел со автомобил „пежо“. 

19 години самостојност.Честит празник!

19 години самостојност.Честит празник! 

"Пред 19 години, ние граѓаните на Република Македонија имавме историска чест да бидеме генерацијата која беше носител на процесот на воспоставувањето на независноста, идеја која беше сон на бројни генерации македонски патриоти... Прославувајќи го 8-ми септември - Денот на независноста, се присетуваме и на сите процеси, настани и случувања, кои со сета своја големина и значење се вградија во македонската историја во последните 19 години. И покрај сите предизвици и потешкотии со кои се соочувавме и се соочуваме, Република Македонија и нејзините граѓани, покажувајќи висока демократска зрелост, не отстапија од остварувањето на идејата за дополнителен развој на демократското и просперитетно општество, унапредувањето…

Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник

Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник 

Премиерот Никола Груевски го поздрави денеска усвоениот собраниски деловник во Парламентот истакнувајќи дека е значаен за продолжување  на градењето добра клима во Собранието за добар политички дијалог. - Добро е што денеска се изгласа иако тоа можеше да се случи многу порано, но за жал заради кочењето од СДСМ и Бранко Црвенковски изгубивме многу време и добивме многу критики, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашња по пуштањето во употреба спортска сала во ОУ „Дитурие“ во општина Сарај. Според Груевски ВМРО-ДПМНЕ и владејачките партии покажале голема зрелост со прифаќањето на сите 23 барања на СДСМ и на опозицијата како и…

Пратеникот Николоски ќе го кани Папата во Охрид

Пратеникот Николоски ќе го кани Папата во Охрид 

Пратеникот Александар Николоски во својство на Претседател на македонската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа на 07 и 08 септември ќе биде во работна посета на Црна Гора, Ватикан и Италија. Предвидено е на 07 септември да се сретне со пратеникот во Црногорскиот Парламент Радивое Никчевиќ претседател на Административниот одбор на Парламентот. Се очекува да се разговара за продлабочување на односите меѓу двата Парламента како и помеѓу двеете држави Македонија и Црна Гора. Предвидено е на 08 септември Неговата светост Папата Бенедикт ЏВИ за членовите на Бирото на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да приреди аудиенција. Имајќи…

1 2 3

 
 
 
 
 
Флеш Вести
Еден загинат во сообраќајка кај Струмица Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Сабота, 04 Септември 2010 21:55

 
 
44-годишниот Светозар Тимов, жител на селото Ангелци денеска загина во сообраќајната несреќа што се случила околу 6,30 часот на околу 200 метри пред влезот во Струмица. Тимов починал на лице место. 
 
Според полицијата, од се уште неутврдени причини, автомобилот марка „Опел сигнум“ со италијански регистарски ознаки со кој управувал Тимов, преминал на левата страна од коловозот, излетал од патот и откако неколку пати се превртел, завршил во една од нивите.
 
Според првичните сознанија, големата брзина со која се движел автомобилот е најверојатно причината за незгодата.
 
Бошковски: Говорот на Груевски - лицемерен Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Сабота, 04 Септември 2010 20:03

Лицемерен, нереален и беден бил вчерашниот отчет на премиерот Никола Груевски, оценија денеска од  Обединети за Македонија.

За претседателот на партијата, Љубе Бошковски напредокот во образованието, субвенциите за земјоделците, очајното здравство, економијата и задолженоста со кредити  се предмет за борба против организиран криминал и манипулација на народот, но и на министрите, директорите и останатите функционери во владата на Груевски, а  не нешто со што ќе се фали оваа влада. 

Бошковски владината програма ја оцени како „Богатење на фамилијата во 100 чекори, па надоградена и проширена до третото колено.“

Повеќе...
 
Починаа и двајцата ранети во нападот во скопската населба Аеродром Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Четврток, 02 Септември 2010 23:08

Починаа и двајцата повредени во пукањето што се случи во скопската населба Аеродром. Неофицијалните информации говорат дека напаѓачот бил уапсен на патот Скопје – Велес во автомобил марка “”BMW””.

Убиените, според непотврдени информации биле припадници на МВР, а меѓу нив бил и близок роднина на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски.

Непознато лице вечерва околу 20 часот, со калашников  пукаше кон три лица кои седеле на заедничка маса со девојка  во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во трговскиот центар „Три бисери“ во скопската населба Аеродром.

Откако го извршил убиството, непознатиот сторител, кој спред очевидците бил средовечен маж, ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил и заминал во непознат правец.

Повеќе...
 
Убиството во Охрид не е за девојка, го предизвика локалната мафија Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Четврток, 02 Септември 2010 22:26

Драган Ѓорѓевиќ од Лесковац, еден од главните осомничени за учество во убиството пред дискотеката „Куба либре Хавана“ во Охрид и натаму е во бегство и најверојатно се наоѓа во Албанија, јави „Пресонлајн“.

Извор близок до истрагата наведува дека сопственикот на дискотеката Митре К. Му помогнал на Ѓорѓевиќ да побегне од Македонија.

„Очевидците укажаа дека сопственикот на локалот непосредно по убиството обезбедил автомобил, со кој Ѓорѓевиќ бил префрлен преку граница.

Има индиции дека е префрлен во Албанија. Ниеден граничен премин не забележал поминување на Ѓорѓевиќ, што укажува на тоа дека тој илегално ја напуштил Македонија“ наведува соговорникот на „Пресонлајн“, близок до истрагата. Македонската полиција најави нови апсења, бидејќи групата која го тепаше и го уби Дејан Новаковиќ броела околу 20мина.

Новаковиќ вчера беше погребан на Новобежаниските гробишта. Свештеникот по опелото ги замоли неговите пријатели да не му го забораваат семејството. „Ве молам ова семејство да не биде заборавено за 15 – 20 дена, бидејќи во ова тешко време не е лесно да имате три деца дури и кога имаат двајца родители“ рекол свештеникот.

Мајката на Дејан ,Јулија Новаковиќ, по погребот изјави дека е огорчена од негрижата на државата. „Ниеден државен служебеник не ни се јави по телефон да не праша дали ни е потребна помош. Никој не ни упати телеграма, ниту сочувство, ниту поддршка“ рекла мајката.

Повеќе...
 
Грција бара објаснување од САД за изјавата на Рикер во Скопје Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Четврток, 02 Септември 2010 19:09
Официјална Атина побарала од Соединетите Американски држави да ја објаснат изјавата на американскиот амбасадор во Скопје  Филип Рикер, кој неодамна изјави дека Вашингтон смета дека е можно решение без промена на уставното име и Уставот, туку само на меѓународната рефернца.   Портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас денеска на брифинг за новинарите во Атина рече дека таквите  изјави не помагале за доаѓање до компромис, туку му штетеле на процесот.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 2 од 24
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )