Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста

Светските лидери со честитки по повод Денот на независноста 

Македонија е ценет партнер на Соединетите Држави, и ние го вреднуваме македонскиот придонес кон светската безбедност, пишува претседателот на САД Барак Обама во својата честитика до граѓаните на Македонија по повод 8-ми септември Денот на независноста испратена до претседателот Ѓорѓе Иванов. “Ја поддржуваме Македонија која продолжува на реформскиот пат и се движи кон интеграција во евро-атланските институции. Верувам дека нашето партнерство дополнително ќе се засили и продлабочи како што ја продолжуваме нашата соработка за да оствариме толеранција, мир и просперитет за да го унапредиме човековото достоинство“, се вели во честитката од Обама. Честитка по повод државниот празник испратил и германскиот…

 	 Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија

Денот на независноста прославен и во Пустец, Албанија 

Денот на независноста денеска беше прославен и меѓу Македонците во Пустец, Албанија. Големиот државен празник беше одбележан со песни и ора во рамките на фолклорниот фестивал “Преспа 2010“ и во присуство на премиерот Никола Груевски. Груевски претходно се сретна со градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и претставници на македонската заедница во Албанија. Груевски по средбата истакна дека Македонците од Албанија и Албанците во Македонија можат да бидат добар мост за зајакнување на односите меѓу двете земји. „Имајте предвид дека секогаш кога ќе процениме дека на било кој начин можеме да помогнеме, во владата на Република Македонија и во мене лично…

Штипјанец блудничел врз осмоодделенки

Штипјанец блудничел врз осмоодделенки 

 Шеесет и петгодишниот штипјанец Т.Г е осомничен дена извршил полов напад врз две малолетни девојчиња.Кривичното дело го извршил во текот на април и мај годинава  кога успеал да обезбеди телефонски  броеви на двете девојчиња, кои биле осмооделенки и договорил средба на штипскиот плоштад од каде ги зел со автомобил „пежо“. 

19 години самостојност.Честит празник!

19 години самостојност.Честит празник! 

"Пред 19 години, ние граѓаните на Република Македонија имавме историска чест да бидеме генерацијата која беше носител на процесот на воспоставувањето на независноста, идеја која беше сон на бројни генерации македонски патриоти... Прославувајќи го 8-ми септември - Денот на независноста, се присетуваме и на сите процеси, настани и случувања, кои со сета своја големина и значење се вградија во македонската историја во последните 19 години. И покрај сите предизвици и потешкотии со кои се соочувавме и се соочуваме, Република Македонија и нејзините граѓани, покажувајќи висока демократска зрелост, не отстапија од остварувањето на идејата за дополнителен развој на демократското и просперитетно општество, унапредувањето…

Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник

Премиерот Груевски го поздрави донесувањето на собранискиот Деловник 

Премиерот Никола Груевски го поздрави денеска усвоениот собраниски деловник во Парламентот истакнувајќи дека е значаен за продолжување  на градењето добра клима во Собранието за добар политички дијалог. - Добро е што денеска се изгласа иако тоа можеше да се случи многу порано, но за жал заради кочењето од СДСМ и Бранко Црвенковски изгубивме многу време и добивме многу критики, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашња по пуштањето во употреба спортска сала во ОУ „Дитурие“ во општина Сарај. Според Груевски ВМРО-ДПМНЕ и владејачките партии покажале голема зрелост со прифаќањето на сите 23 барања на СДСМ и на опозицијата како и…

Пратеникот Николоски ќе го кани Папата во Охрид

Пратеникот Николоски ќе го кани Папата во Охрид 

Пратеникот Александар Николоски во својство на Претседател на македонската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа на 07 и 08 септември ќе биде во работна посета на Црна Гора, Ватикан и Италија. Предвидено е на 07 септември да се сретне со пратеникот во Црногорскиот Парламент Радивое Никчевиќ претседател на Административниот одбор на Парламентот. Се очекува да се разговара за продлабочување на односите меѓу двата Парламента како и помеѓу двеете држави Македонија и Црна Гора. Предвидено е на 08 септември Неговата светост Папата Бенедикт ЏВИ за членовите на Бирото на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да приреди аудиенција. Имајќи…

1 2 3

 
 
 
 
 
Флеш Вести
Груевски се надева дека ќе се формира анкетната комисија Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Петок, 16 Јули 2010 19:14

Премиерот Никола Груевски се надева дека во интерес на државата пратеничките групи во македонското Собрание ќе се договорат околу формирањето на анкетна комисија која треба да го испита инцидентот што на 1 јули се случи во македонското Собрание.

- Се надевам дека СДСМ ќе најде сили да го прифати она што во неколку наврати им го нудеше ВМРО-ДПМНЕ за излез од оваа ситуација, која тие ја наметнаа, напаѓајќи човек во Собранието само затоа што не знаеле дека е службено лице и верувајќи дека ако некој не е службено лице можат да го нападнат. Меѓутоа тоа е тоа. Тоа е стил на работење. Се надевам дека ќе најдат сили да ја надминат ситуацијата. ВМРО-ДПМНЕ секој ден им нуди по некои опции за излез од сутуацијата, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања по денешната обиколка на новите објекти на кејот на Вардар.

 
Туристичкото востание во Крушево почнува во сабота Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Четврток, 15 Јули 2010 06:02

Повеќе од 5.000 граѓани годинава ќе учествуваат во манифестацијата “Крушево Етно град“ која има за цел да го врати градот во живот преку туристичка промоција. Манифестација ќе биде отворена пред споменикот Илинден во Крушево.

“Граѓаните од Крушево се веќе наоружани со комитски,турски и чорбаџиски носии,Оваа година современите светлечки реклами на дуќаните се заменети со  рачно испишани, нови имиња како во времето на 1903. Хотелите широко ги отваарат  вратите за сите посетители кои доѓаат на Крушевчани  да им ја честитаат новата борба во ова  востание, од секоја страна се слуша ’Со среќа јунаци’ , ’Да живее туристичко Крушево’“, се вели во соопштението од организаторот на “Крушево Етно град“ Ранко Петровиќ.
Повеќе...
 
Одбележани 59 години од смртта на Панко Брашнаров Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Вторник, 13 Јули 2010 23:05

Настанот се одржа на споменикот подигнат во негова чест и за неговиот животен пат и големата улога што ја имал во наионалното ослободително дело. Тој е човекот што го отворил првото заседание На АСНОМ, како најстар од сите делегати и активен учесник во постилинденскиот период.

„Панко Брашнаров е човекот кој е сведок на двата Илиндени и кој несебично ,со своето дело се вградува во слободата и ослободувањето на македонскиот народ. Секогаш тивок и скромен, но во одредени моменти и одлучен да донесе вистински одлуки“, рече пред присутните Слободан Ников.Делегации на општина Велес, Сојузот на борците ,општинската организација на сојузот на пензионери, АРМ, семејството Брашнарови, политичките партии денеска положија свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на ликот и делото на Брашнаров.

 
Приведени седум албански државјанки во Тетово Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Недела, 11 Јули 2010 04:35
Седум албански државјанки кои работеле во УО „Бели“ лоциран на локалниот пат Тетово - село Фалише, се приведени откако по извршена контрола од страна на СВР Тетово било констатирано дека илегално престојуваат во земјава.

Исто така и седум македонки били приведени бидејќи работеле во истиот локал а немале регулиран статусот за вработување во објектот.

Полициската контрола се случувала во текот на денешниот ден во раните утрински часови околу 1.30.

Девојките биле приведени заедно со сопственикот на објектот А.З.(24) од Тетово.

По обавениот разговор државјанките на Р.Македонија биле пуштени, додека сопственикот на објектот и албанските државјанки се задржани за понатамошна постапка.
 
Уништени седум од 26-те цреши за Тоше во Кавадарци Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Четврток, 08 Јули 2010 19:36

Уништени се седум од 26-те јапонски цреши засадени во чест на Тоше Проески во паркчето спроти полицијата во Кавадарци.

Црешите кои беа засадени по смртта на Тоше се искршени и сигурно е дека се работи за човечки фактор, а не поради невреме. За Тиквешани тоа е грубо валкање на почитта кон најголемата македонска поп-икона.

Тие реагираат на постапките на поединци во Кавадарци кој годинава е Град на културата. Одамна се уништени и бистите на борците, а хулиганите ја нападнаа и Спомен-костурницата.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 10 од 24
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )