|
Почувствуван земјотрес во Македонија |
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Четврток, 11 Март 2010 05:43 |
Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала-1998, е почувствуван попладнево во 14 часот и 38 ми нути во северниот дел на Република Македонија.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, информира дека епицентарот на земјотресот бил 120 километри северозападно од Скопје, а неговата јачина во жариштето изнесувала 4,8 степени според Рихтеровата скала. |
|
|
Времето утре ќе биде проследено со врнежи од снег, а во пониските делови со дожд и снег |
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Вторник, 09 Март 2010 20:30 |
|
Времето утре ќе биде проследено со врнежи претежно од снег, а во некои пониски места повремено ќе бидат од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи се очекуваат во западните и јужните делови на земјава. Ќе дува засилен повремено и силен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 90км/ч. До недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а само снег на повисоките места и планините. |
|
Белгискиот премиер Летерм пристигна во Скопје |
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Понеделник, 08 Март 2010 22:38 |
|
Претседателот на белгиската Влада, Ив Летерм, доцна вечерва пристигна во Скопје. Претходно, поради врнежите од снег не можеше да слета на аеродромот Александар Велики, па беше пренасочен кон Солун. Во тек се средбите со премиерот Никола Груевски. Летерм доаѓа на Балканот како дел до неговата турнеја пред белгиското претседавање со ЕУ во втората половина од годинава, но фокусот на разговорите во Скопје ќе биде и бранот од неколку стотина македонски граѓани кои побараа азил во таа држава. |
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Понеделник, 08 Март 2010 22:12 |
|
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови поради врнежи од снег. Снегот се задржува на коловозите, но засега нема забрани за движење ниту за патничките ниту за товарните возила. На повисоките планински превои за товарните возила се препорачува употреба на зимската опрема. На возачите им препорачуваме крајно внимателно возење, прилагодување на брзината на движење на отежнатите услови за сообраќај. Особена внимателност низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата од одрони и лизгања на земјиште. Ова особено се однесува за патните правци Маврово – Дебар и Катланово - Велес. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. Потсетување за возачите на нивната законска обврска, за задолжително поседување на зимската опрема во возилата која трае до 15 март.
|
|
Бранко Црвенковски го најави учеството на средбата на лидерите на политичките партии за уставните промени |
|
|
|
Вести -
Флеш Вести
|
|
Недела, 07 Март 2010 14:29 |
Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски го најави учеството на средбата на лидерите на политичките партии за уставните промени.
Тој истакна дека иницијативата за овие промени не е на Груевски, туку на меѓународната заедница поради катастрофална ситуација во која се наоѓа судството во земјава. Црвенковски предупреди дека честите уставни промени носат во себе и потенцијални ризици.
“Владата едноставно тоа го прифатила и го отпочнаа и со тоа на некој начин конечно призна дека состојбите на македонското судство се катастрофални. Значи, има сериозен политички притисок врз судиите, имаме партизирано судство, тоа го тврдиме сите ние, тоа го тврдат медиумите, јавноста, го тврди меѓународната заедница и сега конечно тоа го прифати и Владата и најавува иницијативи со кои би требало тие состојби да се променат, барем, во делот на судскиот совет“, рече Црвенковски. |
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Лист 1 од 43 |